Промовирани протоколите за борба против семејно насилство

Започна спроведувањето на обуките за користење на протоколите за постапување во случаите на семејно насилство. Цел на обуките, координирано делување на релевантните институции во случаите на семејно насилство, за поуспешна превенција и заштита на жртвите од семејно насилство.

 |  Крсте Голабовски  | 
semejno nasilstvo
semejno nasilstvo

sovet za prevencijaЗапочна промоцијата на протоколите или упатните механизми за постапување во случаи на семејно насилство. Националниот совет за родова рамноправност, во соработка со  Светската здравствена организација и Министерството за труд и социјална политика, во рамки на Заедничката програма на Обединетите нации за превенција од семејно насилство организираат серија дводневни обуки за употреба на овие механизми во случаи на семејно насилство. Благородна Шопова од Националниот совет за родова рамноправност објасни кое е знаечењето од протоколите во овој случај.

„Проблемот е многу комплексен и опфаќа различни ресори кои делуваат во различни сегменти, од кои образованието е првата алка која доаѓа во допир со децата, како сите тие да постапуваат во случај на семејно насилство и како да се координираат, да се координира нивното делување“ додава Шопова.

semejno nasilstvoОбуките ги опфаќаат секторите: здравство, полиција, образование, социјална заштита и невладиниот сектор, а се наменети за претставници на следните институции: Министерство за труд и социјална политика, Министeрствата за внатрешни работи,  здравство,  за образование и наука и граѓански организации. Крајната цел на обуките е координирано делување на релевантните институции во случаите на семејно насилство, со цел, поуспешна превенција и заштита на жртвите на семејно насилство. Ваквиот начин на делување на сите сектори против оваа појава во Македонија, ветува, објаснува Шопова.

„Анализите покажуваат дека боројот на пријавените жртви на семејно насилство се зголемуваат, се смета дека тоа е резултат на големиот број на активности, кои ги преземаат владините институции, НВО секторот, апосебно со подршка на Организациите кои функционираат во рамките на ООН. Свесноста кај населението за проблемот на семејно насилество е зголемена и жртвите се поохрабрени да го пријават насилството“ додава Шопова.

Мора да се напомене и постоењето на националната  СОС линија за жртви од семејно насилство, односно бесплатниот тел број 141700, како и функционирањето на шелтер центрите, кои во голема мерка помагаат во борбата против семејното насилство. Заедничкиот протокол за постапување во случаи на семејно насилство е одобрен од страна на Владата, во рамките на Заедничката програма на Обединетите нации за „Зајакнување на националните капацитети за превенција од семејното насилство“, а е финансирана од Владата на Кралството Холандија и Фондот на Обединетите нации за елиминација на насилството врз жените.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top