Промовирана книгата „Охридски времеплов“

Промовирана книгата „Охридски времеплов“ од Илче Стојаноски.

 |  Маленкова Татјана  | 
Ilce Stojanoski
Илце Стојаноски

Илче Стојаноски во чест на патронот на градот на Охриѓани им поклони монографија „Охридски времеплов“ за живеачката на нашиот многувековен град, за  неговите подемите и падови. Пред многубројните заинтересирани и вљубеници во Охрид промоторот Владо Жура вели дека во најновата книга на Илче Стојаноски е опфатен период од живеачката на нашиот многувековен град, град кој во своето вековно минато бележел ни подеми и падови .

„Тоа е периодот од втората половина на преминатиот период, па заклучно со првата половина напредминатото столетие или од 1848 па се до 1948 година. Со оголед дека тука се застапени над 132 фотографии и опфаќаат едно столетие од 3000 години постоење на нашиот вечен Охрид“, рече промоторот Владо Жура.

Toj откри дека во книгата се прикажани прекрасни илустрации во боја, на Охрид од цртежите на Едвард Лир, Ohrid Vremeplovличниот  учител по цртање на британската кралица Викторија, па фотографиите  од 1863 тата година снимени во септември од страна на Јозев Секељ кој овде престојувал во некоја експедиција потпомогната од локалните власти, централната власт во Стамбол и академијата во Виена. Во книгата има фотоградии од преминот од 19 во 20 тото столетие, кои вели Жура зборуваат за зародишот на туристичките понуди кои ги нуди Охрид преку своите објекти на пошироките посетители.

„Таа љубов кон страрата фотографија и кон стариот Охрид се роди уште тогаш и  тогаш започна да се собира архивата на старите фотографии на Охрид. Најстарата фотографија потоќно цртеж во монографијата е од 1848 год. Од англискиот патеписец Едвард Лир кој во Охрид престојувал само неколку дена, но ни оставил 5 – 6 цртежи  кои на еден умешен начин до доликуваат ликот на тогашниот Охрид.“ рече Илче Стојаноски – автор на „Охридски времеплов“.

Трошоците за печатењето на книгата во целост ги покри локалната самоуправа.

„Ова е многу значајна книга за Охрид  во книгата може наназад од 1840 та година некаде до 1940 година и со фотографии и текст да видиме со кава светлина тогаш Охрид бил и како тогаш живееле охриѓани и како Охрид живеел.“ изјави Александар Петрески – градоначалник на Охрид.

Книгата „Охридски времеплов“  има над 130 фотографи и цртежи. На 6 цртежи се преставува Охрид на половината на 19 век, а на 10 фотографии градот во истиот период.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top