Вчеравечер во Домот на култура во Лескоец пред присутните гости и љубителите на пишаниот збор, беше промовиран романот со наслов „Љубовта е ѕвезден сјај“ од авторот Љубица Петреска Чифлигароска.
Вчеравечер во Домот на култура во Лескоец пред присутните гости и љубителите на пишаниот збор, беше промовиран романот со наслов „Љубовта е ѕвезден сјај“ од авторот Љубица Чифлигароска.
Таа досега се имаше претставено како сликар и пејач на изворните народни песни, но сега со нас споделува нешто што го има запишано во своето ново дело.
Рецезент беше Проф Д-р Менде Солунчевски, а свое обраќање имаше и поетот Биљана Солунчевска. Тие го изнесоа своето мислење за романот од кој беа прочитани и извадоци од страна на водителката Јасна Стојаноска и Биљана Солунчевска.
Во музичкиот дел учествуваа КУД „Фаланга 2019“, како и фолк пејачите Ташко Каранфиловски и Алексо Тришоски.
Во делото „Љубовта е звезден сјај“ е опфатена хуманоста на главната личност од која можеме да ја разбереме пораката со која започнува романот : „ХУМАНОСТА ВО СРЦЕТО И ДУШАТА НА ЕДЕН ЧОВЕК Е НАЈГОЛЕМ БЛАГОДЕТ НА ОВОЈ СВЕТ.“ – вели Чифлигароска за ТВМ Телевизија.
Организатор на овој настан беше Здружението „Спасовден“ заедно со Месната заедница на Лескоец. На оваа свечена пригода претседателот на „Спасовден“ Драгослав Петкоски им додели и Благодарници на сите учесници и помагатели на промоцијата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град