Овој компјутер е дизајниран од младите докторанти Драги Кимовски и Атанас Христов, со помош на студентите од Универзитетот за информатички науки.
Суперкомпјутер за секој студент. Изманативе 4 месеци на Универзитетот за информатички науки и технологии се создаваше првиот македонски суперкомпјутер. Овој компјутер е дизајниран од младите докторанти Драги Кимовски и Атанас Христов, со помош на студентите од Универзитетот. „Овој компјутер е создаден за паралелно процесирање“, вели асистентот по информатички науки Драги Кимовски и додава „Се обидовме да создадеме систем со многу малку средства, кој во иднина ќе се користи да развиеме кадри и да фатиме чекор со трендовите во светот“.
Кимовски појаснува дека компјутерот работи на оперативниот систем ЛИНУКС, кој се користи бесплатно. Тоа во голема мера ги намалува трошоците за изработка на компјутерот, за разлика од другите софтевери за чија лиценца треба да се плати. Создавачите на суперкомпјутерот уште појаснуваат дека при работата со него многукратно ќе се намали времето за добивање на резултатите. Така на пример, наместо научниците да чекаат 10 дена за да добијат одредени резултати, сега истите ќе ги имаат за 10 секунди.
„Голема чест е да се учествува во ваков проект“, вели студентката Јасна Треновска која е дел од тимот кој го создадоа суперкомпјутерот“.
Идејата за негово создавање се родила на почетокот на месец август. Сега истиот бесплатно им е достапен на сите студенти, професори, но и на сите други кои имаат потреба од него. Брзината на суперкомпјутерот е 3 илјади милиони операции во секунда. И покарај тоа што оваа машина, доколку се купи чини над милион евра, нашето првенче создавачите ги чини колку цената за еден просечен автомобил.
„Со создавањето на суперкомпјутерот, нашата крајна цел е Македонија да фати чекор со светските информатички текови“, велат гордо младите дизајнери.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град