Животното творештвото на пет охридски уметници- Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Јордан Манасиески, Живко Пејоски и Славко Упевче се најде на ДВД – проект насловен како „Охрид-град галерија“.
Животното творештвото на пет охридски уметници- Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Јордан Манасиески, Живко Пејоски и Славко Упевче се најде на ДВД – проект насловен како „Охрид-град галерија“. Изработката на ДВД–то е дело на охридскиот радио новинар Милчо Јованоски, кој е и претседател на НВО „Култ дам“.
Проектот „Охрид- град галерија“ е финасиски поддржано од Локалната самоуправа со 130 000 денари. Градоначалникот Александар Петрески, на денешната промоција истакна дека и покрај финансиските потешкотии секогаш ги поддржувале проектите од културата и уметноста кои се препознатливи за Охрид во светот.
ДВД изданието „Охрид – град галерија“ ќе биде користено за бројните туристички саемски манифестации. Пригоден подарок ќе биде и за високи делегации кои го посетуваат Охрид и Општина Охрид, истакна Петрески. ДВД- то „Охрид град галерија“ е издадено во тираж од 500 примероци.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град