Промоција на тимот за обука по Прва помош

Денес пред oхридѓани, ќе биде промовиран тимот за обука по Прва помош. Овој инструкторски тим е создаден од страна на О.О. на Црвениот Крст од, а со помош на Операција Флоријан од Велика Британија.

 |  Крсте Голабовски  | 
tim Prva pomosh
тим по Прва помош

tim Prva pomoshДенес пред oхридѓани, ќе биде промовиран тимот за обука по Прва помош. Овој инструкторски тим е создаден од страна на О.О. на Црвениот Крст од, а со помош на Операција Флоријан од Велика Британија.

Преку рекреација на реални ситуации кои може да настанат на плажите на охридското крајбрежје, ќе се направи обид, покрај промоција на инструкторскиот тим и да се запознае јавноста со активностите на тимот, а се  со цел собирање средства за набавка на соодветна и повеќе од потребна медицинска опрема за реанимација, вели Даниел Наумовски од О.О. на Црвениот Крст од Охрид.

„Она што е многу важно за денес што се случува е промоција на тимот кој што ќе врши едукација за прва помош во рамките на О.О на Ц.Крст, станува збор за тим кој што е меѓународно сертифициран, преку операцијата Флоријан и едукатвиниот центар Кентаур. Тоа е тим кој е подготвен да обучува што е можно повеќе граѓани на град Охрид да даваат прва помош во најразлични ситуации“, додава Наумовски.

Роуз Воткинс од Операција Флоријан истакна дека ова е само еден од многуте проекти на кои заеднички работат со Црвениот Крст. Последниве две години тесно соработуваат со црвениот крст од Охрид и работат на обука за спасувачи на плажа како и на планина, а целта е промоција на работата на Организацијата на Црвениот Крст од Македонија.

tim Prva pomosh„Се надеваме дека Црвениот крст ќе добие поголем публицитет за работата која ја реализира во Македонија, посебно тука во Охрид, со надеж дека ќе успеат да создадат фонд од средства за набавка на многу потребната опрема, како за дефибрилатор и за моторните чамци, какви што веќе дониравме“, истакна Воткинс.

Воткинс истакна дека моментално се собираат средства и во Велика Британија преку нивната организација, со кои средства би се набавиле што е можно повеќе дефибрилатори , кои подоцна од Црвениот Крст од Охрид би ги разместиле на неколку локации во градов за да можат граѓаните да ги користат. Во рамките на денешниот проект на градскиот плоштад, пак, ќе се врши обука преку специјални сценарија во кои ќе се инволвирани и младите актери од градкиот театар од Охрид. Преку реални ситуации сите посетители ќе може да се обучат за решавање на проблемите при таквите ситуации.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top