Промоција на белгиски танц

Инкар Дансинг групата од Белгија, претставуваат амбасадори на фламанската култура. Оваа титула тие не случајно ја стекнале, бидејќи со нивните настапи насекаде низ светот, одлично ја претставуваат Белгиската култура, преку модерниот танц. Инкар Дансинг ќе се претстави и пред охридската публика.

 |  Николоска Биљана  | 

Промоција на белгиски танц и култура во Охрид и Струга. Настапувајќи низ целиот свет, Инкар Дансинг, групата ќе се претстави пред љубителите на модерниот танц. Станува збор за млади студенти од Белгија на кои модерниот танц им е хоби. Тие изведуват невообичаени, уникатни и прекрасни точки, со кои ја воодушевуваат публиката насекаде каде што досега настапиле, а посебно се атрактивни кога во танцот употребуваат знамиња. Нивниот менаџер Руди Путоман вели, чест е да се работи со млади талентирани деца кои одлично ја претставуваат Белгија и верува дека во иднина нивната група ќе се најде на репертоарот на реномираниот фестивал Охридско Лето.

„Тие играат секаков вид на модерен танц, употребуваат во нивната група знамиња, што е многу типично за нивниот начина на игра. Мислам дека главна причина зошто досега не сме настапиле на фестивалот Охридско Лето е тоа што публиката воопшто не е запозната со нашиот проект, но се надеваме дека по нашиот вечерашен настап публиката ќе има можност подобро да се запознае со она што ние го работиме“.

Да си дел од групата Incar dancegroup е голема привилегија и чест ми е што сум дел од неа, вели младиот танчер Сидрик ДеКрем. Вели кога се сака се се може, да учи, да игра, да патува.

„Јас со танцот се знимавам 10 години, во оваа танцувачка група. Започнав кога бев многу млад и од тогаш љубовта кон танцот, сакав да слушам музика, да се движам по нејзиниот ритам и кога наполнав 11 години се зачленив во оваа група а тоа трае до денес“ – вели ДеКрем.

Гостите од Белгија вечерва настапуваат на градскиот плоштад. Утревечер во 21 часот и 15 минути ќе настапат на сцената на Долни Сарај, а во недела во 21 часот ќе настапат во Домот на културата „Браќа Миладиновци “ во Струга. Инаку тие во Охрид ќе престојуваат 10 дена. Тие се за прв пат во нашата земја и воодушевени се од балканскиот бисер Охрид и Охридското Езеро, а посебно од гостопримството на охриѓани. Исто така им се допаѓа и ноќниот живот во Охрид, веќе воспоставиле пријателства со младите од нашиот град разменувајќи мислења за животот и културата на двете земји.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top