Промоција на монографија за црквата Св.Богородица Пречиста Ќелија

Реосветена и промовирана монографија за црквата Св.Богородица Пречиста Ќелија во Велмеј.

 |  Валентина Нелоска  | 
monografija
монографија

Реосветена и промовирана монографија за црквата Св.Богородица Пречиста Ќелија во Велмеј.

Реосветувањето на еднокорабната црква посветена на мајката божја Св.Богородица Пречиста Ќелија, која датира од крајот на 16 век, во селото Велмеј во Дебрца собра голем број верници и гости.

VelmejМитре Велјаноски автор на текстовите за  бројните археолошки локалитети во атарот на ова село истакна:  „  -По 100-тици години, неговото Високо Преосвештенство Владиката Тимотеј ја освети оваа црква и во неа се врати Божјата светост и духот во оваа стара градба“.

Покрај осветувањето  на сакралниот објект беше промовирана и монографија „Св.Богородица Пречиста Ќелија“, едитирана од историчарот на уметност Викторија Попоска Коробар. Академик Цветан Грозданов потенцира дека ова е прва  монументална Монографија од големо значење за живописот, историјата, археологијата, традицијата и духовноста во овој регион.

Тоа е многу чудно затоа што  во Дебрца има повеќе објекти од  сакрален карактер, но досега Монографија не е издадена. Ова издание  ќе влезе во светската историја на уметностите и ќе биде потик за создавање на нови монографии посветени на сакралните објекти во Дебрца порача академик Цветан Грозданов.

Во Монографијата “Св.Богородица Пречиста Ќелија“ се застапени и текстови од отец Санџакоски посветени на духовниот живот на Божјата Мајка.

По повод овие два значајни настани во Велмеј беше одржан и сенароден собир. Беше изведена богата  културно уметничка програма на етно-групата Синтезис, а со духовни композииции настапи и романскиот женски хор кој учествуваше на Охридскиот хорски фестивал. Монографијата и реосветувањето се донација на велмешанецот Иљо Иљоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top