Станува збор значајна личност, уметник и скулптор, професор и фамилијарен човек- потенцира авторот на монографијата Јорданка Матова.
Станува збор значајна личност, уметник и скулптор, професор и фамилијарен човек- потенцира авторот на монографијата Јорданка Матова.
Идејата да се напише монографија за познатиот скулптор Стефан Нестороски се родила уште пред неколку години, објаснува Јорданка Матова- историчар на уметност и автор на делото. Монографијата била предвидена да претставува дел од заедничкиот проект со професор д- р Борис Петковски- насловена како: „ Сликарството во Охрид во 20 век“. За жал професор Петковски починал во 2005 година, по што Матова продолжила самостојно да ја реализира идејата.
„ Остварив контакт со неговата ќерка, д- р Лилјана Арнаудова која ме упати до нејзината мајка. Имавме прекрасна соработка. Беа сочувани голем број документи и фотографии, а работевме два месеца. Потоа ги сликав делата на Нестороски низ земјава, по што започнав да ја пишувам монографијата“ , објаснува Матова.
Стефан Нестороски се вбројува во првата генерација македонски скулптори. Неговото уметничко творештво опфаќа бисти на борци и блиски членови од фамилијата, како и четири споменици меѓу кои и споменикот во Ташмаруништа.
Стефан Нестороски, од 1941 до 1945, учествувал во НОБ. Бил професор и фамилијарен човек.
Дипломирал на Ликовната академија во Белград во 1949 година. Бил професор во Средното уметничко училиште во Скопје, а потоа и во Охридската гимназија каде и се пензионирал во 1966 година.
Пензионерските денови ги посветил токму на своите соборци- правел скулптури со нивните ликови.
Сега по неговите стапки чекори внукот, Стефан Нестороски, чија голема љубов исто така е изработувањето на скулптури.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град