Промовирање на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.Ова беше една од целите на петтата Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји, која денес во Охрид ја отвори претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Претседателот Иванов на конференцијата посочи дека ниту една земја не е остров за себе, кој во недоглед може да живее во затворен, изолиран, политички, културен и безбедносен систем. Претседателот потенцира дека за да се грижиме за сопствената безбедност, неопходно е да ја земеме во предвид безбедноста на другите, посебно на нашите соседи.
„Независно од тоа дали нашите земји учествуваат во мисиите предводени од ОН или НАТО, од ЕУ или Организацијата за безбедност и соработка во Европа, верувам дека сите ние имаме само еден заеднички именител. Водени од споделените вредности, сите ние активно придонесуваме кон градењето, чувањето и унапредувањето на мирот безбедноста и стабилноста на регионот, Евроа и во светот“, кажа македонскиот Претседател.
Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, истакна дека форумот во Охрид претставува одраз на заедничките напори за зајакнато партнерство според стратегискиот НАТО концепт, но и остварување и промоција на одржливата регионална безбедност и стабилност. Тој нагласи дека координацијата, постојаното надградување, дополнување на постојните регулативи за Конференцијата на началниците на генералштабови на балканските земји, унапредувањето на меѓуармиските комуникациски можности и спроведувањето на заедниките обуки, образование и вежби, несомнено ќе придонесат за унапредување на безбедноста на регионот и јужното крило на НАТО и ЕУ.
„Поконкретни активности кои се однесуваат на одржување заеднички вежби каде припадниците на АРМ, ќе бидат во можност да покажат што умеат и знаат, а во истовреме да ги подобриме заедничките капацитети и способности во справување со предизвивите кои се исти за сите држави во регионот“, кажа началникот на ГШРМ.
На форумот учествуваат началниците на ГШ на вооружените сили (ВС) на Македонија, Албанија, ВС на Босна и Херцеговина, на Бугарија, замениците на НГШ на Грција, Романија, Србија, командантот на третата Турска армија, како и НГШ на ВС на Црна Гора. Акцентот на петтата конференција на НГШ на армиите од балканските земји, се очекува да биде ставен врз зајакнувањето на соработката на полето на обуката и вежбите, јакнењето на добрите меѓусоседски односи, како и продолжување на започнатите процеси за взаемно справување со современите безбедносни предизвици, иницирани на претходните конференции.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град