Промовирана Автобиографијата на фудбалскиот судија Димче Стојкоски Лепиот

Димче Стојкоски Лепиот во  родното Белчишта ја открил убавината на  фудбалот, за потоа во периодот од 1961 до 1970 година да игра во охридските фудбалски клубови Металец и Застава во Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
avtobiografija
avtobiografija

Димче Стојкоски Лепиот во  родното Белчишта ја открил убавината на  фудбалот, за потоа во периодот од 1961 до 1970 година да игра во охридските фудбалски клубови Металец и Застава во Охрид.

За неговата љубов кон фудбалот зборува и следната анегдота која се случила на неговата свадба. Најпрво го одиграл фудбалскиот натпревар , па пото аотишол на свадбената церемонија.

Неговата богата спортска кариера и развојот на фудбалот во Охрид ги преточил во неколку книги. Најнова е неговата Автобиографија на која рецензенти се Митко Кузманоски и Илија Кафеџиоски.

Dimce stojkoski LepiНеговата кариера како фудбалски судија започнала во Ниш кога како акцијаш во 1959 година  полагал за  фудбалски судија. Како делител на фудбалската правда во Охрид бил од 1970 до 1988. Во три мандати почнувајќи од 1976 година  бил избиран за  претседател на охридската  фудбалска судиска организација.

Димче Стојкоски Лепиот свечено се збогувал со делењето на фудбалската правда во април 1997 година.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top