Пролонгирана реконструкцијата на аеродромите во Македонија

Модернизацијата на аеродромите се пролонгира. Турскиот инвеститор ТАВ побара трета шанса за клучната инвестиција во авиобизнисот во Македонија.

 |  Татјана Маленкова  | 

Владата донесе одлука рокот за влегување во сила на договорот со турската компанија да се продолжи до 1 ви март 2010 год.Владата нема да го раскине договорот за клучната инвестиција во авиобизнисот во државава.Рокот за реконструкција за аеродромите во Охрид, Скопје и изградбата на нов карго аеродром кај Штип, по втор пат се пролонгира. Новиот датум кој владата им го дала на Турските инвеститори е 1 ви март 2010 год.
„Стартот на инвестирањето во Македонските аеродроми времено се одложува поради сверската економска криза и неможноста на инвеститорите навреме да обезбедат финансиски средства“, вели директорот на Охридскиот аеродром Борис Стефаноски. „Причините според нив се ненавременото обезбедување на средства, од европската банка за обнова и развој и од европската инвестициона банка. Јас сум сигурен дека ова второ одлагање ќе биде последно, вели Стефаноски.
Според постоечкиот договор помеѓу владата и Турскиот инвеститор ТАВ, реконструкција на Скопскиот аеродром опфаќа изградба на нова терминална зграда и продолжување на листата, како  и други зафати согласно постигнатиот договор помеѓу инволвираните страни.
„На охридскиот аеродром  најважна работа е реконструкцијата на административната зграда, изградба на нов паркинг плац, реконструкција на постоечката платформа и реконструкција на постоечкиот паркинг плац. Од градежните работи важно е да се напомени дека ќа се обнови и цалокупната техничка опрема, вели Стефаноски.
Договорот за Инвестицијата на авиобизнисот во Македонија изнесува вкупно 200 милиони евра.  Турските инвеститори со овој договор се обврзаа дека  во Штип ќе изградат карго, а комлетното ќе ги реконструраат Скопскиот и Охридскиот аеродром.
Владата до последен момент тврдеше дека инвестицијата ќе стартува во месец септември 2009 год.
Инаку на повикот на кој победи ТАВ, имаше уште четири меѓународни компании заинтересирани за концесионирање на македонските аеродроми. Турската компанија „ТАВ“ беше избрана за најповолен понудувач на тендерот за давање под концесија на аеродромскиот систем во земјава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top