Kој ќе седне на првата вмровска фотеља во градов не ќе се знае за брзо време. Причина се многубројните ангажмани на премиерот Никола Груевски кој треба да ги интервјуира кандидатите.
Kој ќе седне на првата вмровска фотеља во градов не ќе се знае за брзо време. Причина се многубројните ангажмани на премиерот Никола Груевски кој треба да ги интервјуира кандидатите.
Општинскиот комитет на Вмро Дпмне сеуште нема нов претседател. Иако беше најавено дека во текот на оваа недела ќе се знае неговото име рокот се пролонгира. Причина се многубројните ангажмани на премиерот Никола Груевски кој треба да направи интервју со кандидатите. Инаку во комбинација се четири имиња меѓу кои и името на првиот човек на ЗЗЗ, Атанаско Михаилов. Тој не сакаше многу да коментира околу неговата кандидатура, но призна дека бил на интервју кај премиерот.
Инаку пријавувањето на кандидатите започна уште во месец септември. За иден претседател на ОК на Вмро Дпмне можеше да се пријави секој полнолетен граѓанин кој во моментот на аплицирањето беше член на Вмро Дпмне. Изборот го вршеше партиска комисија составена од три члена од Извршниот комитет и таа одлучи од пријавените 25 кандидати да останат само четворица кои влегоа во најтесниот круг.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град