Во европските држави произвотството на алкохолни пијалаци во домашни услови е регулирано т.е. лиценцирано. Од нашите институции нема конкретен одговор кога станува збор за производството на алкохол на традиционален начин.
Во европските држави произвотството на алкохолни пијалаци во домашни услови е регулирано т.е. лиценцирано. Од нашите институции нема конкретен одговор кога станува збор за производството на алкохол на традиционален начин.
Со законот за продажба на алкохол се регулира локацијата, времето и начинот на кој во иднина ќе се продава алкохолот во Македонија, но не и производството на алкохолни пијалоци во домашни услови. Санитарната инспекција ги контролира само производите на лиценцираните компании.Санитарната и пазарната инспекција немаат надлежност кога станува збор за приватни лица кои се занимаваат со производсто на алкохол.
Пазарната инспекција е надлежна само за потеклото и лиценцата на производот, но не и за издавањето на лиценци за производство на алкохол.
Од пазарната инспекција укажуваат на фактот дека во празничните денови, е продадена голема количина на алкохолни пијалоци, дел од нив како што велат сигуро бил и од домашно произодство. Јавна тајна се локациите каде тие се произведуваат и начинот на пуштање во употреба. Така да често се случува на пазари да се затекнат лица кои го продаваат.
Ако малолетник е затекнат да купува алкохол одговорноста ја сносат родителите и лицето кое го продава алкохолот. Казните се во висина од 500 до 5000 евра . Во стотината контроли досега се изречени 5 казни на физички и правни лица во висина од околу 15000 евра.
Во наредниот период се очекува да се спроведат поригорозни мерки од страна на пазарниот инспекторат во однос на трговијата и производството на алкохол. Целта на тие мерки е да се спречат грдите слики од летниот период, каде по парковите малолетни лица спијат во алкохолизирана состојба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град