Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека треба да се зголеми индивидуалната свест за здравата и безбедна храна. Од организацијата на потрошувачи од Охрид пак, апелираат граѓаните што повеќе да се информираат околу своите права и како иститое да ги остварат.
Охриѓани исплашени од наодите на токсично млеко на „Дукат кое се продаваше на пазорот. 360 литри увезено млеко од „Дукат“ сместено во магацините на дистрибутерите во Македонија, се потврди дека се токсични. Директорот на Агенцијата за храна и ветринарство, Дејан Рунтевски, смирува дека овие количини млеко воопшто не се пуштени во промет. Од Агенцијата за храна велат, ќе продолжат со засилен мониторинг на операторите со храна во земјава и ќе се следи состојбата на европскиот пазар. Граѓаните, сепак се скептични кон квалитетот и голем број од нив кои го конзумираа млекото од оваа фирма велат дека нема повеќе да го купуваат. Тие прашуваат какви се нивните права како потрошувачи и каде можат да се обратат за да се заштитат.
Вангел Спирски, претседателот на Организацијата на потрошувачи од Охрид апелира граѓаните што повеќе да се информираат околу своите права и да не се мислат воопшто дали да си ги побараат истите.
Инаку, ова не е прв ваков случај во државава да влезе храна со сомнителен квалитет. Покрај млекото пред извесно време наголемо се зборуваше и за коњското месо како и за брашното увезено од Србија.
И додека граѓаните исплашени и збунети бараат државата да ги заштити од производите со сомнителен квалитет, од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека треба да се зголеми индивидуалната свест за здравата и безбедна храна. Агенцијата наскоро ќе стартува со проект во пет општини кои ќе има за цел едукација на повеќе групи. Таргет се градинките, средните училишта и останатите граѓани. Активностите ќе се фокусираат на одржување на лична хигиена, миењето, чувањето и подготвувањето на храната и правилно читање на декларациите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град