Програмата за времени објекти не стигна на дневен ред

Програмата за времени објекти помина низ сите релевантни институции, после неколку децении беззаконие и анархија во делот на таа проблематика. Но, за жал, дел од советниците без никакво образложение не ја прифатија на дневен ред таа точка на 56 седница, забележува градоначалникот на Охрид. Додека пак координаторот на СДСМ, смета дека немало итност од донесување на оваа точка и немале обврска да даваат образложение на дополнително ставени точки на дневен ред.

 |  Николоска Биљана  | 

На денешната седница на охридскиот Совет, за дополување на дневен ред со точка, Предлог одлуката за донесување на програма за времени објекти, не помина. Тоа отвори бурна расправија помеѓу охридските советници, кои првично изразија сомнеж и од двете страни во врска со гласањето. Градоначалникот Никола Бакрачески образложи дека пројавувањето на сомнеж при гласањето и барање поединечно гласање е демократско право, но според него советниците од опозицијата требало да ја наведат причината зошто се против ставање на дневен ред на точката која се однесува на програмата за поставување времени објекти.

„Со оглед на тоа што со години наназад, ниедна локлана власт пред нас не се однесувала одговорно кон јавните добра односно кон државниот или општинскиот имот во кој спаѓа и земјиштето кое се наоѓа под времени објекти. Никој досега не покажал грижа да го наплатува надоместокот кој што корисниците на овие времени објекти требало да го плаќаат досега со години наназад на сметка на општина Охрид или со самата нивна индиферентност им овозможило против правна корист на истите корисници на таквото земјиште“.

Градоначалникот Бакрачески надополна дека ваквиот некоректен однос на дел од советниците го наведува тој да се посомнева дека станува збор за задкулисни игри и тенденции кој го штитат приватниот интерес, на штета на јавниот интерес на општина Охрид и граѓаните. Својот став во врска со неставање на дневен ред на точката која се однесува на времените објекти го изнесе и координаторот на советничката група на СДСМ Јован Стојаноски.

„Оваа точка на дневен ред беше накнадно закажана а не со уредно доставените материјали за десетте точки кои беа на денешниот дневен ред, беше сосема накнадно ставена, а ние како советничка група заради тоа и не сакавме да биде ставена на дневен ред што ете се согласи и дел од советничкото мнозинство. Значи ние немаме никаква обврска да даваме образложение на накнадно ставени точки на дневен ред

Стојаноски смета дека немало итност од ставање на дневен ред на точката која се однесува на времените објекти и смета дека настрана од тоа во позадина се криеле други работи, кои ќе ги изложеле во оној момент кога таа точка ќе биде ставена на дневен ред, на некоја идна седница.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top