ВМРО ДПМНЕ ја промовираше изборната програма за локалните избори

Промовирана изборната програма на ВМРО ДПМНЕ за Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
Izborna programa VMRO DPMNE
изборна програма ВМРО ДПМНЕ

Синоќа во преполнатата сала на центарот за култура и уште поголемиот број граѓани пред киното, кои настанот го следеа на видео бимови, визијата за тоа во која насока треба да се движи Охрид, ја кажаа премиерот на Владата на Р Македонија – Никола Груевски и кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески.
„Д-р Бакрачески целиот живот им помага на луѓето. Тој само тоа знае да го прави. Убеден сум дека и како градоначалник ќе го прави тоа“, истакна премиерот преставувајќи го кандидатот за градоначалник.

Груевски во своето обраќање присутните ги потсети на работи за кои што кажа дека и покрај тоа што биле Nikola Gruevski premier попречувани од локалната власт сепак владата успеала да ги направи. Меѓу позначајните ги спомена изградбата на булеварот Железничка, потоа изградбата на патиштата за село Орман, Велгошти, Оровник, изградбата на потпорен ѕид кај селотот Коњско, обновата на делницата на патот Охрид – Пештани. Премиерот потсети и на изградбата и пуштањето во употреба на 72 социјални станови, востановувањето на професионален театар, изградбата на залив на коските или најпосетуваната туристичка атракција во Охридско, изградбата на потпорен ѕид на црквата Св Петка – Велгошти , реновирањето на спортската сала во селото Велгошти, реконструкцијата и набавка на современа медицинска опрема за охридската болница и ред други проекти.

„На Охрид му е потребен развој. Нови улици, паркови, игралишта и за младите и проекти кои се важни за повоздрасните. Затоа ние нудиме програма со проекти кои се нашата визија за Охрид, заедничка со кандидатот за градоначалник и иден градоначалник  д-р Бакрачески. Тој има стекнато висок авториет во овој град и верувајте тој не е наивен човек да си го потроши својот авторитет со тоа што ќе влези во авантура од 4 години и да не направи ништо. Тој е човек кој со години градел кариера кој со години градел кредибилитет, чекор по чекор го стекнувал неговиот углед“, истакна премиерот Никола Груевски.

„Пискотници се слушаат од Даљан до Велгошти, од Косел до Љубаништа  од Билјанини извори до Лакочереј …Што тешка несреќа ги збра и мажите и жените, та гласи тажна ека и  навева сал коб и зла“, истакна кандидатот за градоачалник од ВМРО ДПМНЕ д- р.Бакрачески и додаде дека веројатно вака ќе гласеле стиховите на нашиот голем преродбеник Григор Прличев доколку како што кажа денес беше сведок на оваа девастација на Охрид. Бакрачески синоќа ги парафразираше и стиховите на Константин Миладинов од „Т га за југ“ велејќи дека и овде и таму сонцето мрачно изгрева како и таму. Бакрачески остави посебен впечаток кај присутните по своето многу позитивно гледање на Охрид во иднина и по позитивната кампања која ја води без при тоа да навредува други кандидати за градоначалници, туку напротив целата енергија да ја насочува во креирање проекти за подобар Охрид.

Nikola Bakraceski - kandidat za gradonacalnik„ Да се сака Охрид, значи неуморно да се работи за неговото добро, значи бескомпромисна борба за секој камен од неговото минато, но и јасна визија за неговата иднина.  Да се сака Охрид значи неуморно да се работи на идејата која ќе им овозможи на генерациите кои доаѓаат по нас да го развиваат Охрид во уште поголем сјај. Длабоко верувам дека заедно со вас можеме да се посветиме на таа наша мисија. Да го упатиме идниот развој на Охрид во вистинска насока“, истакна кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, д-р. Никола Бакрачески.

Бакрачески додаде дека доколку тој биде градоначалник ќе направи се, изборната програма да ја реализира во целост. Напомена дека новата локална власт ќе изгради повеќе наменски спортски игралишта во Лескоец, голем  терен за тенис, спортски игралишта за одбока и фудбал на песок, стаза за спортови со лесни летала, ќе ги возобнови згаснатите турнири во  фудбал и кошарка ќе формира и локален младински совет и ќе се изготви локална младинска стратегија. Во насока на туристичкиот развој преку изградба на туристички информатор ќе овозможиме поефикасно електронско пукирање на места во хотелско угостителските објекти и приватното сместување. Електронско поврзвање на општината полицијата и објектите за сместување ќе овозможат електорнака наплата на туристичката такса од страна на институциите, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ.

„Изградба на училишта и спортски сали, изградба на студенски и училиштен кампус. Ќе интервенираме во Izborna programa VMRO DPMNEсанација на голем број училишта , во изградба на училини и спортски сали изградба на современ и училишен кампус со сместување на повеќе образовни институции на едно место. Конечно ќе пристапиме кон реализација на идеата за средно музичко и ликовно училиште во Охрид како и кон проект за стипендирање на најдобрите ученици во Охрид. За развој на спортот веднаш ќе преминеме кон изграба на затворениот пливачки базен со што ќе ја возобновиме традицијата на пливањето и други спортови на овој град кои беа водечки и го красеа градот“, истакна кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ.

Бакрачески вети дека конечно ќе се воспостави ред во сверата на урбанизмот и екологијата со тоа што ќе се создадат  услови за рапиден развој на туризмот преку инвестирање во објекти како модерна автобуска станица , реконструирано, пристаниште, модерна марина, аква парк објекти за здравствен туризам. На градското пристаниште, додаде Бакрачески  ќе изградиме модерен туристички центар ќе се постави туристичка сигнализација и мапи за позначајните места во градот со што ќе придонесме за подобра информираност на туристите. Тој потенцираше дека ќе се постават јавни тоалети на фрекфентни јавни површини, хортикултурно ќе се уреди  просторот на парк шумата кон Самоилова Тврдина и центарот на Пештани.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top