Прогласени најубаво уредените дворови во Охрид

Љубовта кон цвеќата, а не парите- е пресудна за да се живее во убаво уредена околина.

 |  Тања Кувенџиска  | 
двор
dvor

По повод Меѓународниот ден на екологијата, 5 јуни, Женскиот центар „ Бисера“ го избра најубаво уредениот двор во Охрид. Одлучи тоа да биде приватниот парк на семејството Деребанови, кој се наоѓа во стариот дел од градот, во непосредна близина на ресторанот Св. Софија.

„ Дворот е огледало на домот и домаќинката“ , вели Билјана Деребанова, на која денес и беше врачена пофалницата за најубав двор. Потенцира дека нејзина голема љубов се цвеќата и поради тоа, своето слободно време најчесто го минува грижејќи се за различните растенија кои се засадени во нејзиниот двор.

dvor„ За жал, има и такви дворови од кои треба сите да се засрамиме, особено оние пред чии домови се наоѓаат“, вели претседателот на ЖЦ Бисера, Наде Мартиноска. 

„ Охрид е туристички град кој го посетуваат голем број гости. Врз нивниот впечаток за градот секако влијае и она што ќе го затекнат низ градските улици“ , потенцира Мартиноска.

Инаку, пофалници за најубаво уредени дворови, денес им беа доделени и на Хасан Хабдурами, на улица Васил Главинов и на куќниот совет од станбената зграда која се наоѓа на Булевар Туристичка бр. 97.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top