Професионална соработка помеѓу двете најголеми кардиолошки установи

Универзитетска Клиника за кардиологија Скопје како врвна здравствена институција во државата и ЈЗУ Специјализирана болница за  кардиоваскуларни болести – Охрид, започнаа активна соработка со цел меѓусебно развивање во интерес на медицината, науката и квалитетот на услуги на пациентите.

 |   | 

Деновиве заеднички тим од двете установи извршија имплантација на два трајни електростимулатори на наши пациенти. Во присуство на директорите на двете установи Др.Жан Зимбаков и Др.Елена Коваческа Башуроска беше официјализирана вистинска соработка која ќе вроди со натамошен развој на медицинската наука, воведување на нови процедури и методи и во крајна линија континуитет во подобрување на квалитет на услуги за пациентите со срцево садови заболувања.

Инаку и официјално одделот за електростимулација во ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања започна со редовен програм.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top