Проф. Др Никола Бошале е годинешниот добитник на највисокото општинско признание, наградата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид. Градоначалникот Јован Стојаноски кој ја доделува наградата рече дека Бошале е еден од најдобрите познавачи и хроничари на Охрид, а неговите дела се една убава промоција и популаризација на охридските непресушни ризници а неговото творештво треба да биде задолжителна лектира за секој охриѓанец.
Проф. Др Никола Бошале е годинешниот добитник на највисокото општинско признание, наградата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид. Ова го соопшти градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски кој ја доделува наградата на предлог на стручна комисија. До комисијата пристигнале шест предлози, од кои пет ги исполнувале критериумите. Инаку, Никола Бошале е доктор по социологија, но со своите истражувачки потфати навлегува длабоко во повеќе области како што се туризам, екологија, археологија, етнологија, архитектура, културна антропологија. Бошале е роден 1929 година во Охрид, а живее на релација Охрид- Скопје, но Охрид е негова вечна инспирација и целиот свој живот пишува и твори за него и го афирмира во светот.
Тој во моментов е еден од најдобрите познавачи и хроничар на Охрид, неговите дела се една убава промоција и популаризација на охридските непресушни ризници и неговото творештво треба да биде задолжителна лектира за секој охриѓанец и од него да добиеме поуки како треба грижливо да го чуваме и негуваме Охрид, рече градоначалникот.
Добитници на повелбата Св. Климент Охридски се Супер радио и Проф. Др Ангела Крстаноска Василеска. Наградите на сите добитници ќе им бидат доделени на свечената академија која ќе се одржи во петок на празникот Св Климент Охридски, во хотел Инекс.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град