Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче денеска имаше завршно обраќање пред медиумите.
Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче денеска имаше завршно обраќање пред медиумите .
При тоа рече дека имал чесен пристап во кампањата и дека сега изборот е на граѓаните. „Зад мене застана интелектуалната сила на Охрид, младите во градот и затоа јас сум убеден дека со мојот избор за градоначалник, иднината на Охрид е чиста и светла“
рече Нанче.
Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Јованчо Секулоски уште еднаш потсети на работата на Петрески и неговиот тим во текот на 4 годишниот манадат.
„Охрид не смее да си дозволи грдаоначалник чии атрибути се да биде корумпиран и киднапиран. Охрид не смее да си дозволи градоначалник кои и наредниве 4 години ќе биде срам за градот, срам е охриѓани да се идентификуваат со Алкесандар Петрески“ порача Секулоски.
Зад Трендафилов, стои Никола Груевски и Владата на Република Македонија за напредок на општина Охрид, а охриѓани знаат дека нивна опција е ВМРО ДПМНЕ истакна Секулоски во своето обраќање.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град