„ Охрид без бариери за лицата со попреченост“

Австралиската амбасада го поддржа проектот „Охрид без бариери за лицата со попреченост“. Проектот денес беше промовиран во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорката на Австралија, Џулија Фини, на јавна трибина, на која учествуваа и лица со попреченост во развојот. Сите присутни се согласија дека има многу простор за работа во оваа област, но дека има и добра воља за подобрување на нештата.

 |  Јаковлева Лионела  | 
avstraliska ambasada

„ Охрид без бариери за лицата со попреченост“. Овој проект општина Охрид го реализира во Дневниот центар „ Зраци“ со грант од Амбасадата на Австралија во Белград. Проектот денес беше промовиран во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорката на Австралија, Џулија Фини на јавна трибина на која учествуваа и лица со попреченост во развојот. Активностите од проектот се одвиваат во Дневниот центар „Зраци“ каде основната цел е социјална инклузија и дневна грижа на лицата со попреченост, подобрување на нивниот психосоцијален развој преку креативни активности и едукација, преку индивидуална и групна работа. Со проектот се обезбедува дневна грижа, бесплатна социјална услуга и професионална нега на лицата со попреченост.
 
Ова е резултат на добрата координација на Локалната со останатите институции и со Владата на РМ. Со реализација на овој проект ќе се подсобри животот на лицата со посебни потреби, но за да се зголемат нивните можности треба да земат учество и останатите институции во градов и пошироко како и поединци, бидејќи Локалната сама не може да постигне , зошто има многу наталожени проблеми во оваа област, рече градоначалникот Никола Бакрачески.

За реализирање на целите на проектот ангажирани се две лица, дефектолог и социјален работник. Претходно, преку проект општина Охрид доби финансиски средства од австралиската амбасада во износ од 7.200 австралиски долари наменети за Дневниот центар „Зраци“ за згрижување на лица со посебни потреби. На два наврати, со поддршка на УНДП, за период од по шест месеци, преку вакви проекти актуелната локална власт работно ангажира пет стручни лица во овој дневен центар.

Дневниот центар „Зраци“ мора да работи во континуитет доколку сакаме да има добри резултати. Ние вложуваме максимални напори да им помогниме на нашите штитеници. На почетокот сме во оваа област, но брзо учиме од примерите на поразвиените земји, рече дефектологот, Зоран Костадиноски.

Амбасадорката на Австралија во Белград, која ги врши и дипломатските работи за Република Македонија, рече дека и претставува задоволство што од фондот на амбасадата поддржале ваков проект и дека ќе продолжат со таквата практика.

Ние во Австралија обрнуваме посебно внимание за заштита и почитување на правата на граѓаните со попреченост во развојот и малцинските групи, па затоа не случајно сме на третото место во светот по почитувањето на човековите права и практикувањето на демократијата. Се разбира дека тоа е долготраен процес во кој мора да се изгради јавната свест, а државата да обезбеди законска рамка која ќе обезбеди соодветна заштита на ранливите категории граѓани. Но им честитам на сите вработени во дневниот центар Зраци за нивните заложби и досегашните резултати. Ние и понатаму ќе ги поддржуваме – рече австралиската амбасадорка Џулија Фини.

Проектната апликација „Охрид без бариери за лица со попреченост“ за грант во австралиската амбасада ја изработи Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид. Апликацијата беше одобрена во првата половина од месец март од страна на посебниот фонд на амбасадата наречен DAP (Direct Aid Program- Програма за директна помош.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top