Започнува реализирањето на проектот за управување и заштита на Дримскиот басен. Петгодишната упорна работа за брзо време ќе биде крунисана со конкретни резултати. Во проектот се вклучени четирите држави низ кои минува реката Дрим.
Започнува реализирањето на проектот за управување и заштита на Дримскиот басен. Петгодишната упорна работа за брзо време ќе биде крунисана со конкретни резултати. Во проектот се вклучени четирите држави низ кои минува реката Дрим.
Пристигна извештајот за моменталната состојба на Дримскиот басен. Ова претставува почеток на реализирањето на проектот за управување и заштита на Дримскиот басен.
Дејан Пановски, државениот советник за води вели дека ова е резултата на петгодишна упорна тимска работа и дека со овој проект многу ќе добие охридско-струшкиот регион, но и целата држава.
Од денес започнува едногодишната подготвителна фаза на проектот. Ќе се прави мрежа од искуствата добиени од проектите работени за Охридското, Преспанското и Скадарското езеро по што следува анализирање и мониторинг. Овој проект е значаен од еколошки, социјален, но и енергетски аспект. Во неговата реализација се вклучени четирите држави низ кои минува реката Дрим и тоа Македонија, Црна гора, Косово и Албанија.
Аријан Мероли, претставникот на проектот од Албанија вели дека реката Дрим е од особено значење за неговата држава бидејќи од неа го црпи целокупниот енергетски потенцијал.
На 28 јануари ќе се одржи состанок помеѓу министрите за животна средина и просторно планирање од Македонија и Албанија. Главна точка на дневен ред е токму проектот за Дримскиот басен. Носител на овој проект е Билатералниот секретарјат, а финансиер е Светска банка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град