Проектот за Летница чека одобрение од Завод и музеј

Проектот за реконструкција на Летница чека зелено светло од Завод и музеј. Дознаваме дека истиот го изработиле неговите автори со што е запазен Законот за авторски права. Ќе се задржи автентичноста на овој препознатлив знак за Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
Letnica
Летница

LetnicaПроектот за реконструкција на Летница чека зелено светло од Завод и музеј. Дознаваме дека истиот го изработиле неговите автори со што е запазен Законот за авторски права. Ќе се задржи автентичноста на овој препознатлив знак за Охрид.

Подготвен проектот за реконструкција, санација и доградба на некои делови на Летница. Дознаваме дека новиот изглед на Летница несмее да биде многу поразличен од сегашниот. Поточно, објектот по реконструкцијата треба да остане во истите рамки, а не да се доградува и проширува. Деновиве проектот  по втор пат бил поднесен на разгледување во Завод и музеј, откако првиот пат истиот бил вратен на корекција.

„ Изработен е и доставен до завод и музеј согласно законот за културно наследство и имаше забелешки. беше вратен на корекција – добработка. Треба да постапаи согласно забелешките и постапката да продолжи“, вели раководителот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудов.

Измените на проектот за Летници ги направиле архитектите , Софија Мизова и нејзината сестра Маргарита Трендафилова кои се и автори на овој објект. Тие се проектанти по барање на сопственикот на градбата –  Охрид турист.
Инаку, комплексот Летница е изграден во `70-тите години. На неговиот јужен дел беше лоцирана кафеана со отворена тераса , на северниот дел се наоѓаше сината сала, во источниот дел имаше ресторан со самопослужување, а на еден дел на вториот кат подоцна беше отворен ноќен клуб.
Од градењето, комплексот претрпе многу надворешени и внатрешни промени. Охриѓани реагираат дека  за жал дојде до ситуација терасата на Летница која своевемено беше  една од најубавите, да не фунционира, а пред неа да се постви урбана опрема.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top