Продуценти од САД, ќе ја рекламираат Македонија и Охрид како туристичка дестинација

Продуцентска куќа од САД снима промотивен материјал за Охридското Езеро, како природна реткост која мора да се види. Продуцентот Дејвид Хофман воодушевен е од нашата земја и вели дека преку снимените материјали сака на луѓето да им покаже што можат тука да видат и зошто вреди да дојдат во Македонија, што е она што ја издвојува како дестинација, што мора да се посети.

 |  Николоска Биљана  | 

Во Македонија престојува експертот за туризам Дејвид Хофман. Неговата мисија во земјава е да собира материјал за изработка на видеа и репортажи, кои ќе бидат наменети за промоција на нашата земја како туристичка дестинација. Продуцентската екипа од САД денес е во Охрид, каде собира материјал за едно од неколкуте документарци, односно за Охридското Езеро, што како природна реткост треба да се посети.

„Ова што го работам е снимање и изработка на видеа за најразлични туристички дестинации во светот. Македонија е 64 татат земја која ја имам посетено во мојот живот. Во основа она што се обидувам да го направам е да им покажам на луѓето што вреди да се види, посети, направи, зошто да дојдат во Македонија. Зошто да ја изберат токму оваа дестинација наместо Шпанија Германија и други земји во Европа кои што туристите редовно ги посетуваат. Јас сум човек кој што сака авантури да не биде само Рим, Лондон Париз, да се видат еднаш е во ред но следниот пат да се проба нешто ново. Овде може да се дојде со помал буџет но да добиеш многу повеќе отколку во Западна Европа“-вели Хофман.

Продуцентот Хофман е и основач на  Davidsbeenhere.com, дигитална медиумска компанија и соработува со многу меѓународни организации за туризам. Минатата година тој е прогласен за еден од десетте најдобри видео продуценти за туристички дестинации од страна на реномираниот весник „USA today“.
Го пропатувал целиот свет но за него Балканот има посебна магија која е својствена и за  Македонија.

„Моите впечатоци досега се дека ова е едно прекрасно место, со култура, со извонредни и пријателски  гостољубиви луѓе. Тое а чувство што го имам секогаш кога доаѓам на балканот. Многу ракија и убави жени“ – нагласува Хофман.

За промоција на Македонија како туристичка дестинација Хофман ќе сними шест промотивни видеа на теми: Дегустација на вино во Македонија, вински регион,  Работи што мора да се посетат и видат во Скопје, Работи што мора да се посетат и видат во Битола
Вовед во македонскиот јазик, потеклото на македонскиот јазик и култура, Античко Стоби и Истражување на Охридското Езеро. Ќе бидат напишани и Репортажи за  топ – десет места што мора да се видат во Македонија, и тоа, Туристички водич на Скопје, Охридско Езеро, Храна и вино од Македонија, Неверојатни инстаграм слики на Македонија.
Видеата за Македонија ќе бидат дистрибуирани на неколку онлајн сајтови за патување и каналот Јутјуб и Вимео. Материјалот кој ќе го изработи продуценската куќа од САД останува во сопственост на АППТРМ кој пак во иднина ќе може да се користи во промотивни цели. Организатор на  информативното патување на Давид Хофман и неговиот соработник Карлос де Варона е Агенцијата а тие во земјава ќе престојуваат 10 дена и ќе ги посетат Скопје, Маврово, Охрид, Битола и винскиот регион.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top