Продолжува да живее староградскиот мелос

Од Охрид по 22 пат ќе се разлеат звуците на староградската музика. В петок на 24 септември ќе се одржат традиционалните  Охридски староградски средби.

 |  Валентина Неловска  | 
starogradski sredbi
староградски средби

starogradski sredbi 2009Од Охрид по 22 пат ќе се разлеат звуците на староградската музика. В петок на 24 септември ќе се одржат традиционалните  Охридски староградски средби. Интересот за учество на средбите бил исклучително голем од ансамбли од целата земја кажува директорот на НУ ЦК „Григор Прличев“, Драгана Боцевска. За прв пат на оваа музичка манифестација учествува и вокалната група „Одесос“ од Варна, Бугарија. Во иднина тенденција на средбите ќе бидат да добијат и интернационален карактер. Што се однесува пак до селекцијата на 14 групи  учесници, таа е направена од републичките  центри за култура и ресорното министерство. Од Охрид настапуваат три групи, „Распеани охриѓанки“ од ЗП Охрид и Дебрца,  Хорот при ЦК Григор Прличев  и ансамблот Биљана. Интересот за негување на оваа староградската музика кај охриѓанки е во подем објаснува Боцевска.Со тоа се чува од заборав овој вид музика и се пренесува од колено на колено.
Охридските Страоградски средби беа спасени од замирање пред три години. Со нивното возобновување староградската  музика доби можност повторно да живее. Финансиски, средбите се подржани од ресорното минисерство, но и од голем број пријатели љубители на оваа музика. Годинава биле одобрени 120.000 денари за одржување на средбите, но подоцна со ревизијата тие се скратени.
Покрај музичките групи од Охрид и хорот од Бугарија, пред охриѓани ќе пеат и Ансамблот Танец, струмичани, прилепчани, стружани, кумановчани, радовишани, виничани, штипјани и вевчанци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top