Судскиот процес против Лазе Радески, обвинет за убиство на продавачите на девизи, Раим Ракип, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески, продолжи со распит на оштетените во Основниот суд во Охрид.
Судскиот процес против Лазе Радески, обвинет за убиство на продавачите на девизи, Раим Ракип, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески, продолжи со распит на оштетените во Основниот суд во Охрид.
Први пред судот се појавија синот и ќерката на Раим Ракип, Љале и Мехмет Бајрам Ракип. Тие спротивно на исказот на обвинетиот, изјавија дека тој многу добро се познавал со нивниот татко. Радески, рекоа тие, често доаѓал до нивната куќа и го барал Раим кој му раситнувал, но исто така и му позајмувал помали износи на пари за што како што кажаа не водел евиденција. Синот на покојниот продавач на девизи, рече дека во времето на исчезнување неговиот татко кајсебе имал околу 30.000 евра. Блиските на Раим Ракип рекоа дека една година биле под полициска истрага поради што имаат и здравствени проблеми.
Пред судот сведочеа и сопругата и братот на убиениот Спиро Ставрески. Неговата сопруга, Живка Мојсоска видно вознемирена, во својот исказ рече дека нејзиниот покоен сопруг и обвинетиот многу добро се познавале бидејќи семејството Ставрески живее во истата зграда во која се наоѓа дуќанот во кој работел Радески. Таа рече дека Спиро на Лазе на неколку наврати му позајмувал помали износи на пари за што водел и евиденција. Таа рече дека уште веднаш се посомневала во Радески дека ги мести дилерите на девизи но не верувала дека ги убивал, туку дека соработува со некоја група. Таа своето сомневање го темелеше врз тврдење дека последните три телефонски разговори пред да исчезне нејзиниот сопруг биле од телефонот на обвинетиот.
Вчера сведочеа и сопругата и синовите на Трајче Цоцески кој беше убиен во април оваа година. Тие кажаа дека сеуште се во шок и дека по немилиот настан сериозно е нарушено здравјето на целото семејство. Семејството на Трајче сведочеше дека Трајче бил мирен и добар човек и не должел никому, не бил агресивен и не носел никакво оружје или спреј за заштита. Критичниот ден кога исчезнал, Трајче Цоцески, кај себе имал 130.000 денари во разни валути, од кои 1000 долари требало да му продаде на лице чие име не го кажал. Според блиските Трајче бил силен и здрав маж и не можел лесно да се совлада ако бил директно нападнат.
Судскиот процес против обвинетиот за тројно убиство, Лазе Радески, продолжи со распит на сведоците.
Ненад Трајчески сопственик на продавницата за компјутери „Домино Компјутери“ која се наоѓа во близина на дуќанот „Грини“ сведочеше дека критичниот ден во дуќаните снабдувањето со електрична енергија било нормално. Тој рече дека вечерта околу 21 ч. кај него дошол зетот на обвинетиот, Ацо Стојаноски и го прашал дали снемало струја во текот на денот.
Трајчески сведочеше дека често бил замолуван да ги брише фолдерите од компјутерот во „Грини“ кој снимал видео материјал од сигурносните камери, за да се ослободи место во компјутерот за повторно снимање. Запрашан дали постои можност да се вратат снимките тој рече дека за тоа постојат посебни програми но не знае дали е тоа направено во случајот.
Пред судот денеска во својство на сведок се појави и Лазо Кочоски, вработен во менувачницата во која Трајче Цоцески бил непосредно пред да исчезне. Тој кажа дека со Цоцески разговарале вообичаено и дека тој му кажал дека ќе оди да му однесе 1000 долари на некој човек кој неколку дена одбегнувал да си ги земе парите. Сведокот рече дека Трајче никогаш не земал однапред пари за услугата и дека доларите требало да ги наплати.
Адвокатите на семејствата на убиените продавачи на девизи денеска најавија дека ќе побараат замрзнување на целокупниот имот на Лазе Радески од кого на име отштета тие бараат милионски суми. Лазе Радески е обвинет за убиство на Трајче Цоцески, Спиро Ставрески и Раим Ракип-сите продавачи на девизи.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град