Продолжува препукувањето на релација Градоначалник – О.К. на ВМРО-ДПМНЕ.
Реториката на прес конференциите не го смени текот, туку остана на исто ниво. Градоначалникот Петрески истакна „ Јас сум одговорен градоначалник и за разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ секогаш сум подготвен да одговорам на прашањата на граѓаните, но преку глава ми е да одговарам на секојдневните неаргументирани обвинувања од локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Искрено да кажам дека овој притисок со напади врз мене од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ е наредба од нивната партиска централа со што по секоја цена сакаат да се омаловажи работата на Локалната самоуправа и да се закочат проектите кои ги работиме за доброто на граѓаните“.
При тоа им упати порака на политичките ривали дека навредата кон него е всушност навреда упатена кон граѓаните кои го избрале во два мандати.
„Нелогично и неуко е локалните квази-вмровци постојано да ме прашуваат каде сум потрошил 40 милиони евра за изминатите 5 години. Податоците се јавни и се презентирани и усвојувани на седниците на Советот на општина Охрид во кој партиципираат и советници од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминативе пет години во буџетите реализирани се 34 милиони евра. Од нив 22 милиони евра се инвестирани во капитални објекти и инфраструктура, вратени се 7 милиони евра стари долгови, 3,3 милиони евра за плати и 2,2 милиони евра за трошоци за Советот и администрацијата, кажа градоначалникот“.
Ги повикувам од ВМРО-ДПМНЕ да најдат пример за буџет каде повеќе од 70 % биле потрошени за инвестиции. Но, затоа пак ги прашува од ВМРО-ДПМНЕ да одговорат колку има вработени во ЕМО, од кога не зеле плата и колку придонеси не се платени. „Петрески ги повикува сите инспекциски служби како што ги казнуваат приватните фирми да го посетат и проверат и ЕМО“.
Доколку ги почитуваат граѓаните да одговорат каде се потрошени 10 милијарди евра за помалку од 4 години и колку пари се фрлени за изградба на споменици. Петрески побара одговор и зашто ВМРО-ДПМНЕ го уништи јавното здравство во Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град