Се изврши распит на сведоците, меѓу кои и сопругата на убиениот Раим Ракип. Судскиот процес продолжува на 10 декември.
Се изврши распит на сведоците, меѓу кои и сопругата на убиениот Раим Ракип. Судскиот процес продолжува на 10 декември.
Со распит на повиканите сведоци, денес продолжи судењето на Лазе Радески, осомничен за убиство на тројцата улични продавачи на девизи: Спиро Ставрески, Раим Ракип и Трајче Цоцески.
Судот ги сослуша повиканите сведоци, меѓу кои и сопругата на убиениот Раим, Миневер Ракип. Таа изјави дека Радески на нејзиниот сопруг пред да исчезне му должел пари, но не знаеше за колкав износ станува збор. Кога го прашала сопругот зошто му позајмил пари на Радески, тој одговорил- затоа што Радески бил чесен човек. Според исказот на Миневер, обвинетиот во текот на последниот месец, често доаѓал кај нив дома и го барал нејзиниот сопруг. Дента кога исчезнал Ракип во себе имал околу 30. 000 евра.
Пред судот сведочеше и Миле Митрески, кој на 12 април годинава, денот кога се случило убиството на трајче Цоцески, околу 17 часот дошол во дуќанот во кој работел Радески за да купи лепак. Обвинетиот зад затворена врата му кажал дека има работа и не може да го услужи.
Како сведок се појави и Олга Бандилоска, чија продавница се наоѓа веднаш до дуќанот во кој работел Радески.
Дента, на 12 април, Бандилоска околу 17 часот дошла во својот дуќан. Не приметила ништо невообичаено. Еден час подоцна, со обвинетиот пиеле кафе пред нејзината продавница. Кажа дека и нејзе, обвинетиот и должел 300 американски долари.
Драган Коровешоски, адвокатот на семејството Ракип, изјави дека судот располага со потребните докази за трите извршени убиства, според кои се очекува судот да ја донесе обвинителната одлука.
Судскиот распит продолжува на 10 декември.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град