Продолжува сеизмичката активност во Охрид

Денес одржан уште еден координативен состанок на кризиниот штаб, на кој присуствуаа и претставници на Центарот за управување со кризи, ЕВН, здравствените установи, СВР, јавните претпријатија, Црвениот Крст, Територијалната противпожарна единица, како и претставници на Министерствата за одбрана и внатрешени работи на Република Македонија.

 |   | 

Безбедносната состојба во градов во време на интензивна сеизмичка активност и насоките за понатамошен развој на настаните, главна тема на денешниот координативен состанок на кризниот штаб. На состанокот учествуваа и претставници на Центарот за управување со кризи, ЕВН, здравствените установи, СВР, јавните претпријатија, Црвениот Крст, Територијалната противпожарна единица, како и претставници на Министерствата за одбрана и внатрешени работи на Република Македонија. Заменик градоначалникот Ангел Јанев истакна дека од јавните претпријатија пријавена е тековна состојба за одвивање на активносттие без некои вонредни интервенции.

„Јавното претпријатие Водовод Проаква велат дека нема вонредни интервенции дека интервенциите се тековни, ЈП „Охридски Комуналец и“ и „Нискоградба“ не пријавија ништо вонредно, нивните извештаи се тековни и во насока на секојдневното работење и живеење и на граѓаните и на јавните претпријатија кои се во служба на граѓаните“, вели Ангел Јанев – Заменик градоначалник на Општина Охрид.

Здравствените организиации како и екипите на Организацијата на Црвениот Крст се подготвени соодветно да реагираат, додаде Јанев. На состанокот се дискутирало и за една од главните мерки кои органите на Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе во периодов во насока на намалување на паниката, предизвикана од непроверени и неточни информации пласирани пред се на социјалните мрежи.

„Беа поставени прашањата во врска луѓето коиште шират несреќни дезинформации во насока на предизвикување на вознемиреност кај граѓаните. таквата вознемиреност не му е потребна на никој и тие најавија дека работата на случајот, дека ќе се обидат да ги најдат тие лица и ќе реагираат. а јас еве ќе апелирам до сите лица кои немаат официјални информации да се воздржат од било кој коментар на социјалните мрежи или порталите да не поставуваат информации кои се во насока на предизвикување на вознемиреност кај граѓаните“ апелира Ангел Јанев – Заменик градоначалник на Општина Охрид.

Воениот авто камп кај Св. Наум е на располгање, за сите граѓани кои се чуствуваат загрозени и сакаат да поминат време таму, бил ставот на претставниците на Министерството за одбрана. Но постапката не е толку едноставна, не кој сака и кога сака ќе може да го направи тоа вели Јанев. Треба прво комисиските служби да направат увид на условите за живеење и сите оние коишто немаат услови да се јават на телефонскиот број 195 па понатака ќе одлучат останатите служби. Јанев исто така се надева дека во периодот кој претстои покрај експертизата од ИЗИИС и Сеизмичката опсерваторија при ПМФ не исклучено да се поканат експерти од овие области и од други земји.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top