Продолжен конкурсот за обука на невработени лица од машинската и електро сферата

Се пролонгира рокот за  конкурсот за обука на невработени лица од машинската и електро сферата. Од Локалната самоуправа апелираат до сите заинтересирани лица кои сакаат да извршат стручна преквалификација или доквалификација на своите знаења, да се јават на овој повик, да ги искористат сите бенефити кои се нудат со овие обуки.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Продолжен конкурсот за обука на невработени лица од машинската и електро сферата, распишан од страна на локалната самоуправа. Граѓаните кои се заинтересирани да конкурираат и кои ги исполнуваат условите, ќе можат да се пријават до 10 јуни. Локалната самоуправа во соработка со работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“ ги спроведува обуките, а тие се прават врз основа на претходни истражувања и анализи на побарувањата на пазарот на труд. Со истражувањето биле опфатени 30 фирми од Охрид, а резултатите покажале дека најбарани профили се од електро и машинската струка, вели раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.

Aпелирам до сите заинтересирани лица кои сакаат да извршат стручна преквалификација или доквалификација на своите знаења, да се јават на овој повик, да ги искористат сите бенефити кои се нудат со овие обуки. На крајот од обуките учесниците добиваат сертификати за завршен степен на ваков вид на обука којшто можат понатаму да го искористат во своето професионално резиме при процесот на барање на работа, рече Апостолов.

И на работната средба организирана од регионалната Стопанска комора која што вчера се одржа во Охрид, беше истакнато кои профили се најбарани на пазарот на трудот, рече Апостолов.

И истражувањата на Стопанската комора направени во фирмите во Охрид ги издвоија овие две струки како најдефицитарни во однос на луѓе кои што можат да се вработат и од нивна страна беше потенцирано сите невработени лица кои што можат да ги искористат и обуките кои што ги спроведува Локалната самоуправа и обуките кои што ги спроведуваат другите институции, се повеќе од добредојдени за сите оние кои што бараат работа. Така да комплетно се совпаѓаме со анализите, рече Апостолов.

Апостолов рече дека наскоро се очекува отворањето на новиот погон на „ОДВ Електрик“ како и започнувањето со работа на новата инвестиција на фабриката „Костал“, каде ваков вид на кадар ќе биде потребен.

По завршувањето на обуките  податоците на лицата кои што успешно ги завршиле се испраќаат до фирмите кои биле анкетирани, со цел лицата да бидат исконтактирани. Минатата година на вакви обуки беа обучени 15 лица во три струки- заварувачи, машинисти и бравари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top