Продолжен престој без никаков надомест

Ова е успешната приказна на основното училиште „Братство Единство“. Дванаесетина деца по завршувањето на редовната настава, своето време го минуваат во дополнителна просторија во рамките на училиштето. За нив се грижи наставничка ангажирана од страна на локалната, но сите други потреби на децата се задоволуваат од сопствен џеб и преку донации.

 |  Мишел Наумоски  | 
decinja
decinja

Ова е успешната приказна на основното училиште „Братство Единство“. Дванаесетина деца по завршувањето на редовната настава, своето време го минуваат во дополнителна просторија во рамките на училиштето. За нив се грижи наставничка ангажирана од страна на локалната, но сите други потреби на децата се задоволуваат од сопствен џеб и преку донации.

Малку пари, а многу успеси. Кога човек ќе се запраша како функционира продолжениот престој во ОУ „Братство Единство“, едноставно не ви паѓа напамет ниту еден одговор, а се наметнуваат уште повеќе прашања. Дванаесет дечиња, по завршувањето на редовната настава, своето време го минуваат во собата за продолжен престој во рамките на училиштето. Просторот каде тие другаруваат, играат игри, учат и се надградуваат, е опремен благодарение на донации и на силната волја на тимот кој е задолжен за функционирање на продолжениот престој.

„За да може да работи како целодневен престој, потребно било посебна дозвола од Министерство за образование, а во тој случај родителите ќе треба да плаќаат парични средства за да функционира, бидејќи таа варијанта ни беше потешко да ја оствариме, отидовме просторов да работи како продолжен престој, со тоа што условите ги обезбедивме од наша страна со помош на еден американец кој што работи со училиштата, донира средства, собира средства во Америка преку цела година, доаѓа тука, доколку му се допадне проектот вложува нормално во тој проект. “-вели Борис Лушески-наставник во ОУ „Братство Единство“.

Boris Lusheski„Имајќи предвид дека нашите ученици се од категоријата на социјални случаи, па ние и доколку ја добиевме таа дозвола за целодневен престој, тие не ќе имаат можност да плаќаат. Значи токму заради тоа е и закочена целата работа.“-вели наставникот Лушески задолжен за овие дечиња.

„Јас се нафатив да работам доброволно, без пари, без никаков надоместок, плус вложив и лични свои средства, го опремував просторов, инсталацијата ја сработив сам, па кога дојде американецот, во Август месец, кога виде што е сработено, даде 1500 долари, тоа помогна да се докупи инвентарот, дел од двоседот, троседот се од родители кои сами ги донесоа, клупите се од училиштето, од училишната менза, инвентарот, компјутерите се од министерството што е доделено.“-рече Лушески.

Имено по првичната оценка на проектот за продолжен престој, американскиот донатор најавил дека ќе учествува со само 500 долари, наменети за осветлувањето и електричната инсталација. Во меѓувреме, наставникот Лушески својот проект го доставил и до холандската, американската и германската амбасада, но одговор добил само од Холанѓаните, кои за жал му кажале дека немаат предвидено средства за вакви проекти. Сепак по добивањето на дозволата од локалната самоуправа, подрачната единица за образование им обезбедила и посебна учителка чија плата ја подмирува токму општината. За да е успешен овој проект, се погрижило и самото училиште кое ги покрива трошоците за греење и осветлување на просторот. Останатиот дел од инвентарот, телевизорот, бироата и други помошни средства се добиени преку донации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top