За обвинителството доказите се доволни за да се донесе одлука. За одбраната исказите на обвинителот не се поврзани и не одговараат со доказите.
За обвинителството доказите се доволни за да се донесе одлука. За одбраната исказите на обвинителот не се поврзани и не одговараат со доказите.
Во основниот суд Охрид, продолжи судскиот процес против Лазе Радески. Во продолжение на денешната доказна постапка беше презентиран видео матријал од полициската истрага. Со тоа заврши доказната постапка и двете страни ги прочитаа своите завршни изјави.
Во завршната изјава на обвинителството констатирано беше дека презентираните докази се доволни за да се изнесе пресуда. Предложено беше судот да да го прогласи обвинетиот за виновен за тројно убиство и да го осуди со казна која е предвидена според законот. Како и исплата на оштета за членовите на семејствата на убиените.
Од страна на одбраната беше изјавено дека единстевното нешто кое во целиот случај не е спорно е смрта на трите жртви. Според одбраната постапката се водела без навлегување во доказниот матријал. Адвокатот на одбраната истакна дека признанието на обвинетиет не е доволен доказ за да се донесе пресуда. Кон крајот на изјавата се потенцираше дека во овој случај фактите се во полза на неговиот обвинет.
Пресудата ќе биде прочитана на 10 ти март.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град