Проблеми со просторот

Просторот за сместување, во градинката Јасна Ристеска, секојдневно се потесен.

deca
деца

Просторот за сместување, во градинката Јасна Ристеска, секојдневно се потесен.

decaБројот на деца кои се запишуваат во истата, секоја наредна година се поголем. Од локалната најавуваат дека во најкус можен рок ќе изнајдат решение за овој проблем.

Состојбата со просторот во градинката „Јасна Ристеска“, кој секојдневно станува се потесен, најверојатно ќе добие своја разрашница. Низ годините наназад постојано се жалевме дека наталитетот ни е во опаѓање и дека не сме во состојба да го  искористиме  големиот простор кој таа ни го нуди. Само за споредба, во некои минати времиња оваа градинка ја посетуваа околу 300 дечиња, а сега таа бројка се движи и до 650.

„За таа цел локалната од Охрид изготви проектна документација за просторно проширување на објектот, вели Митре Вељановски“, советник за образование при Општина Охрид.

Освен проблемот со недостаток на простор, градинката Јасна Ристеска, како и останатите градинки во градов, се соочуваат со кадровски проблеми, кои ги предизвикува Министерството за образование, обвинува Вељановски.

Од локалната ветуваат дека во најитен период ќе бидат изградени потребните просторни површини. Во тој случај ќе бидат во состојба да одговорат на се поголемиот интерес за користење на услугите на оваа градинка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top