Тука е проблемот на самиот педофил и проблемот на жртвите кои подоцна во животот трпат страшни последици од сексуалната злоупотреба во детството, во вид на анксиозни или депресивни состојби.
Децата имаат право да живеат во безбедна и заштитничка околина, бидејќи од тоа зависи нивниот понатамошен развој и социјализација. Се поголемиот број на случаи на педофилија во Македонија ја издигнаа на површина оваа девијантна појава која сигурно постоела и во минато, само што не се зборувало за неа, бидејќи била третирана како срамна, табу тема за споделување со јавноста. Претставниците на НВО велат дека сега, кога се бара педофилите да се осудуваат со најголеми затворски казни и јавно да се обелоденуваат нивните имиња на интернет сајтовите, сме чекор напред во борбата против злосторствата кои се вршат врз децата.
„Ние сме против сите видови на насилство и злоставување и вознемирување, посебно на деца и не знаеме како Уставниот Суд така ја донесе одлуката и ако е во можност да се проеиспита таа одлука да не бидат педофилите така истакнати затоа што се чепкало во нивниот идентите и нивната личност. Јас мислам дека тие немаат никаква личност и срам штом посегаат да ги злоупотребат децата, посебно на свои родени деца“ објаснува Драгица Павлеска-Попоска, од невладината „Езерка“.
Охридско-струшкиот регион не е исклучок од оваа девијантна појава. Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид не информира дека во 2012-та година во нашиот град регистрирани се две казнени дела „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 год“, како и две дела на „задоволување полови страсти пред дете“. За две од овие дела се поднесени соодветни кривични пријави, додека за другите две се прибираат докази. За само неколку месеци од оваа година веќе е регистирирано едно дело на „полов напад во обид врз малолетник кој не наполнил 14 години“.
А, навистина тежок е патот на жртвите од овој вид насилство до нивна целосна рехабилитација и ресоцијализација. Тие понатаму знаат во животот да презентираат пост-трауматско стресно растројство и подоцна да имаат последици од сексуалната злоупотреба од детството во вид на анксиозни или депресивни состојби, објаснува Д-р Антони Новотни – Национален координатор за ментално здравје.
„Во зависност од неколку чинители, тежината, повторливоста на тие сексуални акти кои ги трпи детето како жртва и од самата структура и одбранбените механизми на детето ситуациите се од, до. Некои деца успеваат и без третман да ги надминат овие тешки трауми, а кај некои е потребна и психотерапија, па понекогаш дури и медикаментна терапија, а тоа се спроведува во Македонија во Центарот за ментално здравје во Скопје и на Клиниката за психијатрија во Одделот за деца и адолесценти“ посочува Новотни.
Истакнувањето на злосторниците на интернет сајтовите не е единственото оружје во борбата против оваа девијантна појава, додаваат експертите. Мора интензивно да се работи на промоција на менталното здравје, на промоција на заштитата на децата, објаснување дека нивната интимност, нивната приватност е светост и дека никој не смее да биде близок со нив на ваков начин, или да им искажува љубов на таков сосема неприроден начин.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град