Проблеми со водоснабудвањето во стариот дел

При првиот бран  на гости во Охрид, жителите од стариот дел на градов  останаа без вода.

 |  Татјана Маленкова  | 
Branislav Trpcevski
Бранислав Трпчевски

При првиот бран  на гости во Охрид, жителите од стариот дел на градов  останаа без вода.

Досега ќе се средеше проблемот со водоснабдувањето во овој дел на Охрид, ако Заводот за заштита на спомениците на културата не ги закочеше градежните зафати, вели првиот човек на Проаква.

stanicaЖителите од Стариот дел на Охрид веќе почуствуваа проблем во водоснабдувањето. Првиот бран на гости, и зголемениот протек на вода во повисоките делови  од стариот дел, ги секна чешмите во Месокастро. Овој проблем одамна требаше да биде решен, велат од Проаква.

Уште на почетокот од месец мај, Ј.П превзеде градежни зафати за  поставување на водоводна линија на потегот од Горна Порта до улицата Нада Филева.  Со овој чекор вели првиот човек на Проаква требаше трајно да биде решен проблемот со водоснабдувањето во стариот ден на Охрид.

„За жал нашата работа е закочена од завод и музеј. Според нив на потегот каде што ги изведуваме градежни работи, постоеле вредни ископини“, вели директот на Проаква,  Бранислав Трпчевски.

Просторот на кој Проаква изведува градежни зафати е испреплетен со културни слоеви.

„Ние мора да ги испитаме, па дури после тоа да им дозволиме понатамошна работа“, вели директорот на заводот за заштита на спомениците на културата Тања Паскали.

Очигледно и оваа туристичка сезона жителите на стариот дел на Охрид ќе се соочуваат со истите проблеми како и минатата.Слабиот притисок на вода ќе им биде секојдневие и ова лето. Единствена светла страна, засега се ветувањата на дирекорот на Проаква дека ова Ј.П ќе направи се да се изнајде форма преку која работата ќе се заврши, а при тоа никој да не биде оштетен. Една од опциите кои преку локалната, Проаква ќе му ја понуди на управата за заштита на културното наследство е градежните зафати на Ј.П да се изведуваат во присуство на археолог од заводот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top