Меѓуопштинското Јавно Претпријатие „Проаква“, започнува со наплата на заостанатите долгови.
Долговите на физичките и правните лица кон МЈП „Проаква“ се поголеми од половина милион евра. Ненаплатените долгови од физички и правни лица се движат од 30.000 до 300 000. Поради ваквата состојба, од ова јавно претпријатие се приморани да започнат со исклучување на најголемите должници, кое потоа ќе продолжи и со помалите должници. Даниел Радески, од одделението за односи со јавност на „Проаква“ вели дека овој пат никој нема да биде поштеден.
„На оние корисници кои бесправно се вклучиле по исклучување, за нив ќе следат соодветни мерки како што е исклучување директно од главната линија со присуство на механизација. Трошоците за исклучување и повторно прилкучување ќе бидат на товар на потрошувачите“, објаснува Радески.
Исто така ќе се врши исклучување и на оние корисници кои потпишале Договор со Проаква за плаќање на долгот на рати, а не се придржуваат кон истиот, како и на оние корисници кои ненавремено ги плаќаат сметките за потрошена вода, објаснува Радески. Тој додава дека иако станува збор за долгови кои се стари, дури од 2003 година, должниците нема да имаат никаква правна основа да ги избегнат своите обврски кон „Проаква“.
„Досега сите корисници кои имаат каков и да е долг, навремено се отужени, а отужените сметки имаат рок на важење десет години, така што правно издртжано е сите да бидат исклучени“ потенцира Радески.
Екипи на Проаква од денес се на терен и ги исклучуваат сите диви приклучоци, односно сите правни и физички лица кои користат вода без одобрение за приклучок, а во наредните денови ќе бидат исклучени и станбените објекти кои бесправно користат вода од хидрантите за наводнување на паркови и зеленила. Директорот Златко Старкоски, вели дека моментално најголем проблем им задаваат шанковите од плажите, бидејќи концесионерите, плажите ги издаваат на трети лица, па од ЈП им е потешко да ја лоцираат одговорноста.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град