Прличева визита

Охриѓани денес го чествуваат делото и името на вториот Хомер и 125 годишнината од смртта на овој великан. Григор Прличев е вонвременски охриѓанец, гордост на градот, рече градоначалникот Јован Стојаноски на прличевата визита.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охриѓани го чествуваат делото и името на вториот Хомер, Григор Прличев. Денес во неговата родна куќа се одржа познатата прличева визита. Градоначалникот Јован Стојаноски во обраќањето пред присутните меѓу кои имаше и потомци на Прличеви рече дека Григор Прличев е вонвременски охриѓанец, гордост на градот. Дека тој бил и ќе остане човек кој кај охриѓани ја будел надежта и уверувањето за важноста на образованието, богатството на духовната историја и придонеаол за национално будење. Стојаноски кажа дека културното шестдецениското институционално чествување на македонскиот литературен великан, народен трибун и преродбеник годинава е збогатено со уште една поема со која се продолжува традицијата на прличевата поема Сердарот. Тој упати искрени честитки до писателката Гордана Стојаноска која со поемата „Клучевите“ победи на конкурсот објавен по повод прличевите беседи.

Ако Прличев преку Сердарот ни го оставал во наследство нескршливиот слободарски дух, витешката борба и високите етички принципи, годинешниот лауреат ни ги дава клучевите кои нам како генерација и тоа како ни требаат за ад можеме да ги отвориме вратите на иднината, рече градоначалникот.

Пред присутните со нескриена почит и жар кон делото и личноста на Григор Прличев се обрати и професор Др Виолета Пирузева Тасеска

Прличев станува симбол на Охрид, но тој незнае што имаше во Прличев и затоа на едно место тој вели поприште немав, а на друго месрто вели и го сакав и го мразев животот. Неговото поприште всушност беше целиот свет, неговото поприште беше тој самиот пред се и неговата автобиографија е една мошне психолошка книга во основа многу длабока, рече проф. Тасеска.

Ваквите средби се вистинско место каде треба да ветиме дека ќе го чуваме и негуваме делото на нашите предци, кажа градоначалникот. На прличевата визита беа доделени и наградите на ученичките од ОУ „Григор Прличев“ Анастасија Стојаноска и Миа Боздоганоска кои победија на конкурсот распишан во нивното училиште по повод патрониот празник. Свеченоста беше заокружена со настап на пеачка група од охридската Гимназија како и на музичката група Климе Садило.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top