Црвениот крст го одбележа денот на крводарителството.
Признанија за повеќекратни дарители на крв, фирми и институции, образовно – воспитни установи и поединци кои постигнале значајни резултати во крводарувањето во 2012 год.
Крводарителите и сите останати хумани охриѓани денеска во очи на 17 март го одбележаа денот на Црвениот крст на Р Македонија и денот на крводарителството. Претседателот на ОО на Црвениот крст вели дека тие се горди на она што го направиле во минатата година, затоа што го надминале планот за крводарителство за 2012 год. Тој открива дека собрале 1930 единици крв, со што за 14 проценти го надминале планот за минатата година.
„Неможам да кажам дека сме горди и на нашите партнери од министерството за здравство од владата на Р Македонија кои своите обврски во делот на мотивацијата и организацијата на крводарителстките акции кои се насочени кон црвениот крст не ги исполниле во целост, но можам да изразам надеж дека оваа година ако овој проблем на недостаток на средства ќе се надмине и дека недостатокот на средства не треба да важи за вакви круцијлни работи како што е крвта“, вели Сашо Точков, претседател на ОО на Црвен Крст.
Точков е оптимист и оваа година и вели дека искрено се надева дека ОО ќе ги реализира сите крводарителски акции и годинава, со што повторно ќе имаат надминување на планот на крводарителство. Брагодарница и плакета денеска доби и Стојан Јованоски, млад крводарител, мотиватор кој на свои 31 година,својата драгоцена течност ја дарувал дури 42 пати.
„Почнав да дарувам крв на 17 години. Мотивот ми беше од мојот татко кој има дарувано над 40 пати. Планирам и јас да продолжам и понатаму. Поракара до сите хумани граѓани е дарувајте крв, затоа што со секое дарување крв спасувате живот“, вели крводарителот Стојан Јованоски.
На денешната свеченост благодарница и плакета за 75 дарувања крв доби и Стојан Ристески. Тој за ТВМ Открива како започнал да дарува крв.
„Започнав уште војник и после престанав извесно време. Давам крв во последниве 30 години. Девојката која беше повредена со скутерот дојде да ми се заблагодари, затоа што и јас и мојот син дадовме крв за неа. Додека ме служи здравјево ќе давам крв“, вели крводарителот Стојан Ристески.
Оо на Црвениот крст денеска подели 134 благодарници за крводарители . Благодарници за развој и унапредување на крводарителството добија и медиумите кои постојано ја подржуваат работата на Црвениот крст, како и Општина Охрид, охридските универзитети, ресторани и Јп Охридски Комуналец.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град