Во духот на празникот веќе се декорирани чаршијата и централното градско подрачје. За безбедноста на скокачите по светиот крст ќе се грижат тимови од спасители на вода, нуркачи и медицински тимови.
Последни подготовки во пресет одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Во духот на празникот, веќе се декорирани чаршијата и централното градско подрачје. И годинава во пресрет на празникот, на 18ти јануари ќе бидат доделени 50 хуманитарни пакети на социјално најзагрозените семејства во Охрид а кои се обезбедени од страна на општината а во соработка со Црвениот крст.
Вечерта пак, екипите на Црвен крст на платото помеѓу Капетанија и ресторанот Чун ќе вршат превентивни прегледи на сите верници кои сакаат да скокаат по светиот крст во вторник. На денот на Водици, 19ти јануари, прославите започнуваат во раните утрински часови со богослужби во сите парохиски цркви. Во 7:00 часот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“’- Каменско ќе се одржи Утерна Богослужба а во 8:00 часот Архиерејска Божествена Литургија. Во 9:45 часот е поаѓањето на литиите кон градското пристаниште. Во 10 часот, според најавите, Митрополитот на Дебарско – кичевската Епархија г. Тимотеј ќе го фрли Чесниот Крст во водите на Охридското Езеро од градското пристаниште.
За безбедноста на скокачите по крстот дента ќе се грижат 6 тимови на спасители на вода долж градското пристаниште, два тима спасители на вода во чамци и четири нуркачи тимови како и осум медицински тимови за укажување прва помош помогнати од два медицински тима на итната медицинска помош. Во овој дел, од Црвениот крст од Охрид со апел до сите скокачи по светиот крст да внимаваат на огромната температурна разлика на водата и воздухот, да не скокаат ако не се чувствуваат физички доволно здрави, да не консумираат алкохол, да носат обувки и неколку слоја облека и да се задржуваат кратко во студената вода. Охриѓани кои во езерските води ќе скокаат по Чесниот Крст може да се пријавуваат заклучно со понеделник вечер во црквите „Св. Ѓорги“- Горна Влашка Мала, „Св. Никола“- Геракомија, „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско и „Св. Никола“- Долна Влашка Мала.
Црвениот крст воедно на 19ти ќе ја реализира и традиционалната крводарителска акција во студентскиот дом Никола Карев. Атрактивноста на овој масовен христијански празник се поголема и кај охридските угостители за креирање интересни понуди за гостите. Тие своите услуги ќе ги нудат по промотивни цени и попусти од 10 до 30 проценти. Наредниот ден, на 20 јануари точно напладне ќе се одбележи денот на рибарите сотрадиционална рибна чорба која ќе ја подготвуваат учениците од СУТУ „Ванчо Питошески“ а пачата ќе ја подготват студентите од Факултетот за туризам и угостителство. Покрај со овие специјалитети присутните ќе се служат со вино и греана ракија. За загревање на атмосферата ќе се погрижи охридската група „Билјана Јуниор“.
На овој ден тимовите за логистика на Црвен крст Охрид ќе распределат дел од рибината чорба во семејствата со социјален ризик во Охрид како и на лица со хендикеп и стари лица кои не се во можност да присуствуваат на овој настан во месноста Сараиште.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град