Привилегирани советници

Мнозинството на советниците од охридскиот совет, привилегирани. Тие добија картички за гратис паркирање во паркинг зоните низ градов, но и нови мобилни телефони, тврди координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica
sednica

Гратис мобилни телефони и гратис картички за паркинг, за кого како. Според најновите сознанија кои деновиве за ТВМ јавно ги соопшти координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, во Локалната самоуправа спроведени се активности за набавка на мобилни телефони и картички за гратис паркирање на советниците на мнозинството. советнициииСпоред него тоа е класичен обид за нарушување на демократскиот процес во општина Охрид, конкретно во Советот и ваквиот однос според Паноски трае подолго време.  

„Мојата порака и пораката на советниците од опозицијата е јасна, не ни треба ништо од оваа Локална самоуправа, нити сакаме нешто да имаме од неа, меѓутоа сакаме да се почитуваат демократските процеси да се почитува се она што е правило и законска регулатива. Ние доволно се боревме за Охрид и покажавме дека Охрид го сакаме на еден поинаков начин на еден далеку понормален начин не оптеретн со лични интереси туку со јавниот интерес на Охрид и како таков сме задоволни од она што го направивме и само така Охрид ќе успее“.

telefon

Бидејќи Паноски не знае на што се должи ваквиот селективен однос на Локалната, ни посочи одговорот за тоа да го побараме таму. Гласноговорникот на општина Охрид, овој пат го одбегна објективот на нашата камера, но коректно, кратко и помалку нејасно го изнесе ставот на Локалната.Портпаротолот на општина Охрид, Симон Илиески, вели дека во тек на изработка се картичките за парлинг за советниците кои сеуште ги немаат добеино. Додека пак околу информацијата дека советниците на мнозинството на СДСМ добиле мобилни телефони, од кабинетот на градоначалникот Петрески нема таква информација.
Едно е сигурно. Мнозинството од советниците веќе паркира без пари, но според локалната, за брзо време без пари ќе паркираат и останатите советници. Но останува енигма дали и кој од советниците се служат со нови мобилни  телефони.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top