СВР сеуште трага по предметот со кој е извршено убиството.
Поднесена е кривична пријава против Зоран Танески, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело убиство. СВР потврдува дека сега пријавениот убиството го сторил на 25 ти овој месец околу 03,30 минути на улицата лазо трпоски при што со 15 тина убоди од нож, ја усмртил неговата соприга Анита Танеска (24), со која осомничениот Зоран бил во брак од кој имаат деветмесечно дете.
Веднаш по овој чин Танески го напуштил местото на настанот со нејзиното патничко моторно возило БМВ. Се упатил на за него добро познатата локација во околината на селото Оровник, во близина на манастирот Св. Петка каде се ослободил од возилото фрлајќи го во провалија длабока седумдесетина метри.
По настанот СВР Охрид, превзеде широки оперативни тактички мерки за пронаоѓање на сторителот на ова дело.
Зоран Танески (33), осомничен дека го извршил бруталното убиство врз неговата сопруга Анита Танеска, по дводневна потера вчера околу 17.15 часот беше фатен во околината на Ново Село – охридско. Во акцијата што била спроведена по претходни оперативни сознанија, учествувала посебната полициска единица и кучиња трагачи. Танески како што соопшти полицијата не пружил отпор при апсењето
Предметотот со кој е извршено грозоморното дело сеуште не е пронајден.
„Се прават напори за пронаоѓање на истиот како надополнување на кривичната пријава“, вели Димоски.
Убиецот синоќа беше спроведен во охридскиот затвор и изведен пред истражните органи. Полицијата, како што ни беше соопштено работи на утврдување на мотивите за убиството на Анита Танеска (24), со која осомничениот Зоран Танески бил во брак од кој имаат деветмесечно дете.
Грозоморниот чин на убиство на млада жена ја вознемири охридската јавност,па оттука сите детали поврзани со злосторството и злосторникот се предмет на голем интерес на граѓаните.Оттука и најавата за можност јавноста да се запознае со местото каде што е фрлен автомобилот оди во прилог на констатацијата дека пи-арот на СВР-Охрид почнува да ги следи европските и светските трендови кога постои злосторство кое што ја шокира пошироката јавност. Демистификацијата на ваквите случаи е можна само со присуство на јавноста.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град