Приватните станoиздавачи лути на општината

Туристичката сезона сеуште не е започната за дел од охридските станоиздавачи.

 |  Николоска Биљана  | 
nikoloski
николоски

Охридските станоиздавачи го подигнаа својот глас. Тие денес пред претставниците на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, како и пред јавноста, се пожалија дека во екот на туристичката сезона, останале со бадијала подготвени соби за туристи и празни раце. За тоа вината ја гледаат во пренагласената урбанизација, како и несредената сообраќајна  состојба во градот посебно во делот на паркирањето. Во името на станоиздавачите на Охрид зборуваше Зоран Зафироски, кој истакна дека ова што му се случува на туризмот во градов не е коректно.

stanoizdavaci„Самата урбанизација која дојде во Охрид од сопственици на станови од Скопје, Битола, доаѓа до тоа да тие ги издават на црно а ние како пријавени станоиздавачи не можеме да го извадиме парчето леб“-вели Зафироски.

Загрижените станоиздавачи, целосно ги поддржа пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ, Александар Николовски. Тој подвлече, дека неконтролираната урбанизација со илјадници станови значи илјадници туристи помалку- или градот полн, но становите и апартманите на охридските станоиздавачи празни. Па оттука порача.

„Имајќи предвид дека во недела е најавен митингот на СДСМ и дека имаат навика, односно воспоставија една нова навика да спијат по луѓе и по станови, би им препорачал да спијат кај овие луѓе позади и Бранко Црвенкоски, Јани Макрадули, Андреј Петров, Радмила Шекеринска и останатата екипа и да им објаснат зошто становите им се празни, зошто паркинг место во Охрид е 50 денри, зошто доколку не платите паркинг место доаѓа некој да ве истепа, зошто се градат илјадници станови секоја година, кој од тоа профитира, зошто метар квадратен изградена површина за стан е 3000денари, метар квадратен изградена површина за хотел е 90 000денари, зошто во Охрид интензивно се градат станови а не хотели кои ќе обезбедат вработување во градот“.

goce lerНаспроти сериозните обвинувања од страна на претставникот на охридските станоиздавачи и пратеникот Николовски застана Гоце Симоноски раководителот на ЛЕР. Тој нагласи дека изјавите од ваков карактер не држат место, бидејќи имаат политичка позадина, а  причината за неисполнетоста на капацитетите на станоиздавачите  ја гледа во катастрофалната економска состојба во која се наоѓаат граѓаните на Македонија.

„Она што се случува во градот, по улиците, чекачите на туристи кои не се сите нелегални е една најголема причина еден несоодветен закон за туризам, мислам онојпредлог закон кои ние го дадовме до Владата на Р. Македонија во кој бараме да се формира туристичка полиција која ќе ги обедини ингеренциите кои се мешаат помеѓу локалната власт, општинскиот инспекторат, инспекторатот за финансии и полицијата“-рече Симоноски.

Симоноски истовремено го промовираше новоотворениот Инфо Центар во кој станоиздавачите можат бесплатно да ги рекламираат своите сместувачки капацитети.
Но, летото е на средина, и не останува многу време за решавање напроблемита барем што се однесува за оваа туристичка сезона. Наближува Илинден, па ако не заврна можеби ќе капне за дел од охридските станоиздавачи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top