Приватни парцели оставени обраснати со трева и трња

Приватни парцели на атрактивни локации во градот обраснати со трева и трња. Општината вели дека издала налог до сопствениците истите да ги расчистат.

 |   | 

Во рамки на „Ти си твојот град“, рубрика која ја спроведува ТВМ телевизија овој пат ни беа испратени фотографии од наш сограѓанин на кои се гледа просторот до ОМУ „Методи Патче“ на булеварот „Туристичка“, обраснат во трева и трња. Ваквите глетки се лоша одлика за градот кој важи за еден од најпознатите туристички центри на балканот.

До ОМУ Методи Патче на бул Туристичка “змијарник “. Општина може да издаде налог на комуналното претпријатие да се искоси тревата и трњата и ако е приватен имот да му се фактурира на господинот.-вели во коментар граѓанин на Охрид кој ни ги испрати фотографиите.

Од Општина Охрид велат дека не само за тој посед туку издадени се известувања до сопственици на неколку приватни парцели низ градот од страна на ресорниот инспекторат, за да ги уредат површините во законски утврдениот рок, во спротивно општината ќе издаде налог до ЈП„ Охридски комуналец“ да бидат расчистени парцелите, а трошокот ќе биде на товар на сопствениците.

Оние што би ги издвоил локации се кај Историски Архив, локации на улицата „Партизанска“ во делот према улицата „Асном“, на улицата „Даме Груев“ и уште на неколку локации, велам на седум до осум локации. Очекуваме дека сопствениците ќе си ги средат тие површини, ако не, законот налага „Охридски комуналец“ да ги среди и соодветно да фактурира до сопствениците бидејќи се тие задолжени и не смеат да ги остават тие површини да сметаат на слободно и безбедно движење.-вели Томе Џамтоски, портпарол на Општина Охрид.

Џамтоски додава дека и да се работи за станбени згради каде е оставена неуредена површина, сите сопственици имаат соодветен дел од таа површина и треба да ја уредат, односно законот налага дека секој приватен имот треба да се уредува од страна на сопственикот на истиот.

 

Новинар: Кристина Алексиеска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top