Во приватна куќа откриени 17 кг марихуана

Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичното дело  „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К. (43) од Охрид.

 |   | 
marihuana
марихуана

portparol DimoskiПоради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичното дело  „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К. (43) од Охрид.

Пријавениот, во домот на негов роднина, во 2 пластични буриња, сокрил 17 килограми опојна дрога Марихуана која претходно ја набавил со цел натамошна продажба на наркозависници од Охрид, Струга но и од поширокиот регион. Станува збор за чиста високо-квалитетна дрога спакована во 19 полиетиленски и најлонски опаковки облепени со кафеави самолепливи ленти врз која е извршено вештачење и дактилоскопска обработка во Министерството за внатрешни работи на РМ.

На ден 27-ми овој месец, по претходно добиена Судска наредба, извршен е претрес во домот на А.У. од Охрид, каде во една од собите на вториот спрат, пронајдена е дрогата сокриена во две пластични сини буриња затворени со метални затворачи и прекриени со алишта и друга покуќнина.

Според сопственикот на куќата, собата ја користел односно му била изнајмена на  неговиот роднина – пријавениот А.К.  за кого СВР Охрид веке подолго време располагаше со оперативни податоци за негова инволвираност во нарко-криминалитетот.

 

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top