Притвор за охридски „револвераш“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или  распрскувачки материи” СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47- годишен охриѓанец,  на кого од страна на судија во претходна постапка, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

 |  Голабовски Крсте  | 
pishtoldzija
пиштолџија

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или  распрскувачки материи” СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47- годишен охриѓанец,  на кого од страна на судија во претходна постапка, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

муницијаНа осми овој месец во 00 часот и 05 минути, кај лицето пронајдено е огнено оружје пиштол марка „Берета“ и оквир со 10 куршуми што во футрола го имал на појас од десната страна. Сега притворениот е забележан на булеварот „Македонски просветители“ во близина на градскиот плоштад.     Кај него, по дополнително извршеното алко-  тестирање утврдени се 2,22 промили алкохол во крвта. При претрес извршен во неговиот дом, а во присуство на адвокат, полициските службеници пронајдоа една рачна бомба како и вкупно 309 парчиња  муниција различен калибар, дел сокриена во пластични и кутии од мобилен телефон, а дел облепени со селотејп лента, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Пиштолот, рачната бомба и муницијата се одземени и се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top