Внимавајте да не ви се закачи некој крлеж. Ако сте таков среќник задолжително побарајте помош во здравствена институција
Внимавајте, почна сезоната на крлежите. Наглото зголемување на температурите после долгата и влажна зима се идеални услови за нивно размножување. Ги има во грмушките, високите треви, на дрвјата, а граѓаните често се жртви на овој пајаковиден членконог. Директорот на Центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов вели дека добро треба да се искоси тревата во дворовите и парковите затоа што крлежите најмногу ги има во тревата и на влажните места.
Лекарите објаснуваат дека не секој крлеж е заразен, но апелираат каснатите да побараат помош оти болеста може да се развие и по повеќе месеци. Крлежот може да предизвика и лајмска болест, која исто може да направи сериозни здравствени компликации. Некои пациенти со лајмска болест имаат симптоми на грип: сувост на грлото, главоболки, треска, болки во зглобовите и мускулите, зголемени лимфни жлезди. Лекарите апелираат граѓаните да не се обидуваат сами да го отстранат крлежот што веќе се заглавил во телото бидејќи тоа е сложена операција и доколку не се направи професионално може да има несакани компликации.
Граѓаните за да се заштитат треба задолжително да носат светла и долга облека додека престојуваат во природа и задолжително да извршат самопреглед од како ќе се вратат дома. За поширока заштита треба да се направи аеро и теренска дезинфекција.
Од Локалната самоупрва велат дека се загрижени од информацијата дека во Охрид има појава на крлежи, па затоа очекуваат официјален став од надлежните здраствени инсититуции, особено од Центарот за јавно здравје и инструкции од нивна страна што да се превземе.
Инаку, државната Комисија за заразни болести треба да даде наредба до сите единици на локалните самоуправи во државава да направат аеро и теренска дезинфекција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град