Сопствениците на пловни објекти регираат за состојбата во која се наоѓа пристаништето во Св. Наум. Од Охридската капетанија ги отфрлаат ваквите забелешки тврдејќи дека пристаништето е во функционална состојба и без проблем ги опслужува сите наутичари.
Пристаништето во Свети Наум во незавидна состојба. Ова го тврдат некои сопственици на пловни објекти кои се усидруваат таму. Додаваат дека на пристаништето нема никакви услови и дека е прилично руинирано. Од Охридската капетанија ги отфрлаат ваквите забелешки објаснувајќи дека зимата бил извршен еден зафат на продлабочување на влезот на пристаништето и бил отстранет нанос од 1000метри кубни. Во месец февруари било санирано свлечилиштето кое се појавило од јужната страна односно на пристапниот дел на пристаништето
–Пристаништето е во функционална состојба и без проблем ги опслужува сите наутичари. Тоа во овој момент ќе остане такво какво што е а ќе се превземат мерки само за негово продлабочување и тековни активности за негово одржување, вели капетанот Горан Устијаноски.
Инаку охридската капетанија постојано ги спроведува своите вообичаени активности за обезбедување безбеден воден сообраќај не само на Охридското езеро туку и на останатите водени ресурси во државава. Од 1.06 интензивно го спроведува новиот правилник за пловидба според кој мора да има радио станици на сите пловни објекти кои имаат мотор со поголема јачина од 20 киловолти.
-Онаму каде затекнавме непочитување на овај правилник ги опоменавме и им дадовме рок до кога да си набават радиостаница, ако и после тој рок зтекнеме недоследности ќе им изречиме забрана за пловидба, вели капетанот.
Деновиве капетанијата заедно со Министерството за транспорт и врски интензивно работи и на изнаоѓање модел за решавање на проблемот со скутерите кои секое лето ја загрозуваат безбедноста на капачите во езерото.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град