Црвениот Крст од Охрид во соработка со ресторанот Далга, даваат придонес во кампањата на неделата за борба против гладта.
Се надеваат дека до крајот на акцијата ќе им ја олеснат состојбата и ќе направат посреќни барем 100тина најзагрозени семејства.
Оваа традиција се практикува со години нананзад и докажува дека граѓаните на Охрид навистина знаат да искажат хуманост. Одредена сума од досега собраните средства се вложија за купување храна која денеска беше поделена на лицата кои се хранат во народната кујна.
„Нашите активности продолжуваат и наредните денови“, вели Сашо Точко,
„Во градов има лица и организации кои имаат финансиски средства многу повеќе од мене, меѓутоа најверојатно немаат срце големо како моето, затоа што хуманоста се прави токму така“, вели Љупчо Патче, сопственик на ресторанот Далга.
„Освен Лајонс клуб – Десарети, ниту еден поединец бизнисмен или пак организација од градот, не се вклучија со позначителен придонес во кампањата“, вели Точко.
Организаторите на кампањата најавуваат дека со средствата кои до крајот на акцијата ќе бидат собрани, ќе се изработата хуманитарни пакети кои ќе се делат на 100 тина социјално најзагрозени семејства од Охрид. Ќе направиме напор да им ја олесниме состојбата и да ги направиме барем малку посреќни, велат тие. Исто така до крајот на наредната неделаа ќе бидат поделени хуманитарните пакетчиња кои децата од училиштата ги изработија за своите другарчиња.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град