СВР Охрид заедно со претставници на релевантните фактори од градов одржа работен состанок на тема безбедни матурски вечери. СВР повторно ги собра преставниците на релевантните фактори од градов, со цел да имаме побезбедни матурски вечери. Целта на овој работен состанок е запознавање со превентивните мерки кои ќе се преземат и нивно координирано применување. Ова ќе придонесе за намалување на асоцијативното однесување кај младите за време на матурските прослави.
„Ова е втора година како се одржува оваа средба во ваков состав, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Покрај претставници од СВР, на состанокот присуствуваа и преставници од медицинските установи, образовните институции, социјални работници, претставници на OSCE, како и претставници на советите на родители. Директорката на ООУ „Св. Климент Охридски“ ја потенцира улогата родителите во спроведување на активностите со кои матурските вечери и деновите после нив ќе минат во најдобар ред.
На состанокот стана збор и за улогата на медицинските субјекти од градов и нивната превентивна и куративна улога. Портпаролот на ЈЗУ Општа болница, Д-р Сашо Василески истакна дека минатогодишната бројка од два случаи на акутно труење со алкохол кај матуранти, е само врв од санта мраз. Василески додава дека тоа е една третина од бројката со која секој викенд се среќаваат вработените од оваа медицинска установа. Василески согласен дека родителите се таргет група врз која треба да се делува.
Оваа и низа други средби од ваков вид, ке имаат за цел создавање крајно поволни услови за безбедно одвивање на матурските прослави. Меѓу другото, беше извршена презентација за законската регулатива и обврската на родителите во однос на законот за безбедност на патниот сообраќај.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град